за

Mercedes го повикува Citan во сервис

Свежата соработка со Renault се покажа кобна за имиџот на безбедноста на возилата од марката Mercedes. Мултинаменскиот ван Citan, кој е идентичен со Kangoo, мора непланирано да го посети сервисот заради отстранување на проблемот со воздушната перница.

Прво се случи дебакл на краш тестот на Euro NCAP, а сега следува и сервисниот повик. Околу 3.500 примероци од мултинаменскиот ван Citan мора да го посетат сервисот заради отстранување на проблемот со страничната воздушна перница за совозачот. Таа беше една од причините што моделот на Mercedes освои само три ѕвездички на краш тестот. Воздушната перница не се активираше. Марката со ѕвездата не смее да си го дозволи тоа, особено покрај имиџот што нејзините возила отсекогаш го уживале во поглед на безбедноста.

Ванот кој е идентичен со Renault Kangoo досега се произведе во 10.000 примероци. Овие 3.500 примероци што сега се повикуваат во сервис имаат вградено странични воздушни перници. Mercedes виде добра шанса со достапниот ван на Renault да допре до поширок круг на клиенти во професионалното подрачје. Бесплатната замената на воздушната перница за совозачот ќе трае два до три часови во сервисите на Mercedes. Во иднина сите модели од сериското производство ќе се опремуваат со странични воздушни перници како стандардна безбедносна опрема. Citan се произведува во фабриките на Renault.

Познавачи на интерните состојби во Mercedes тврдат дека марката од Штутгарт била сосема свесна дека достапниот ван ќе освои само три од максималните пет ѕвезди, покрај заострените директиви на краш тестот. Автомобилот бил наменет за професионални клиенти кои што не посветуваат толку внимание на бројот на ѕвездички на краш тестовите, како што е случај кај приватните купувачи. Развојот на сопствен модел ќе беше значително поскап, отколку модификацијата на Renault Kangoo. На германскиот пазар Citan е достапен веќе од 12.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автомобилот што ќе го преживее крајот на светот

Америка воведува данок за возење на струја