за

Mercedes го има автомобилот што е неопходен за секој просечен плејбој

Зарем не е очигледна пораката што сопственикот ја испраќа со својот родстер: Сингл сум, расположен за забава, не се обврзувам. Совршено! Проблемот е само цената. Mercedes се погрижи тоа да биде малку поевтино.

Од април, љубителите на родстери можат да сметаат дека успешно ќе им биде отворена новата сезона на возење на отворено. Тогаш Mercedes ќе стартува со испорака на освежената генерација на компактниот родстер SLK, кој според новата номенклатура се преименува во SLC – како припадник на семејството модели околу класата C. Но, најдобрата вест е цената на двоседот. Како што се претпоставуваше при салонската премиера, со вклучувањето на новата моделска изведба со 1,6-литарски турбо со 156 КС значително се спушта влезниот праг. Новиот SLC 180 според германскиот ценовник чини 34.926 евра, што е за околу 5.000 евра пониско од досегашниот основен модел SLC 200. Подобар подарок за дваесетгодишнината на моделот не можеше да се посака.

Mercedes-Benz SLC, R 172, 2015Фејслифтот донесе комплетно нов преден дел, со исправена маска и зашилена хауба. Дијамантската маска отсега е стандард, заедно со систем за спречување судир, преклоплив метален покрив, мултифункциски спортски волан со кожа, Audio 20 CD, клима-уред и задни светла со диодна техника. Новитет е приспособливото подвозје, коешто се вградува фабрички во SLC 300 и SLC 250 d, односно достапно е со доплата во верзиите на SLC 180/200 со 9-степен автоматик. Со овој систем, возачот може да избере како ќе работат моторот, менувачот, управувањето, и секако, подвозјето, зависно од моментното расположение или потреба.

За „посериозни“ возачи, Mercedes-AMG го нуди SLC 43, со трилитарски битурбо со 367 КС, спортско подвозје, и по желба со механичка блокада на диференцијалот на задната оска. Соодветно на тоа, и цената на моделот изнесува 59.886 евра.

mercedes sl 2016 (3)Тоа е сé уште предалеку од луксузниот родстер SL, кој исто така стартува со испорака во април и исто така претрпе освежување на техниката и изгледот. Најевтината изведба на родстерот е SL 400, со цена од 99.097 евра, додека врвниот модел SL 65 достигнува астрономски висини, со моќноста од 630 КС и со цената од 239.933 евра.

Најголемата ѕвезда од април сепак ќе биде новата генерација на моделот од вишата класа. Mercedes ги објави и цените за новиот E-Class. Стартот е на 45.303 евра за E 200, додека најевтиниот дизел E 220 d со цена од 47.124 евра. Понудата ќе ја дополни и третата моделска изведба, E 350 d, кој стартува во јуни.

Mercedes-Benz E-Klasse Limousine (W 213) 2016Mercedes-Benz E-Cl

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Милион фунти за возење во стилот на Џејмс Бонд

Милионитиот Renault Kangoo заминува за Јапонија