146
20 shares, 146 points

Mercedes започна со изградба на фабрика за автомобили во близина на Москва. Во 2019 година ќе започне производството на E-Class, а потоа ќе следат и теренците.

Mercedes ги постави темелите за нова фабрика за автомобили во Русија. Марката со сребрената ѕвезда досега во земјата произведуваше само товарни возила. Фабриката во близина на Москва ќе започне со работа во 2019 година, стартувајќи со E-Class. Потоа ќе следат теренците GLE, GLC и GLS.

Mercedes во последните четири години е најпродавана премиум марка во Русија

Вкупната инвестиција изнесува 250 милиони евра. Лани Mercedes по четврти пат беше најпродавана премиум марка. За период од една деценија, продажбата се зголеми четирипати.

mercedes fabrika rusija 2534

Регионот на Москва нуди одлични логистички врски, близина до главниот град, како и квалификувана работна сила. Новата фабрика за автомобили Московија е дел од индустрискиот парк Есипово и се простира на површина од 85 хектари. Опфатени се сите производствени процеси, од изработка на каросерии, преку лакирање, до завршна монтажа.

Приспособлива фабрика со најнапредна технологија

Во Московија ќе се користи таканаречената „фул-флекс-монтажа“, со примена на најсовремени технологии. Производствените постројки се одликуваат со врвна флексибилност, што овозможува повеќе модели да се изработуваат на иста лента.

Доставата на материјали е комплетно роботизирана. До работните позиции пристигаат корпи со компоненти, коишто ги содржат точно оние делови што се наменети за конкретното возило.

Индустрија 4.0 подразбира и примена на иновативни ИТ-технологии. Московија ќе биде поврзана во мрежа со останатите фабрики на Mercedes низ светот. Преку мрежата може да се управува со роботите од која било локација, како и да се вчитуваат нови програми.

Posted by Mercedes-Benz Club Russia on Friday, March 24, 2017

Не изостанува ниту грижата за животната средина. Во фабриката ќе се користат електрични вилушкари, исклучена е примена на хартија од каков било вид, при лакирањето ќе се врши повраток на топлината.

Над 1.000 работни места се отвораат во Московија. Mercedes моментно произведува на 29 локации низ светот и располага со 78.000 вработени лица во сите работни подрачја на компанијата.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
20 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *