за

Mercedes петта година по ред ги урива сопствените рекорди

Meredes лани продал над 1,8 милион автомобили што повторно е нов рекорд за марката со сребрената ѕвезда. Најмногу возила се продадени во Кина, најпродаван модел е класата C.

Пет години по ред, премиум марката од Штутгарт поставува нови рекорди во продажбата. Mercedes лани продал 1.871.511 патнички автомобил, односно за 13,4 проценти повеќе отколку во претходната година. Бројките од завршницата на годината најавуваат уште поголем раст за 2016 година. Никогаш претходно Mercedes не продал толку возила во декември (187.017 возила, +9,1%) и немал подобро тримесечје (495.195 возила, +8,8%).

Mercedes-Benz S-Klasse Cabrio ( A 217 ) 2015Кина прерасна во најголем пазар за Mercedes, со 373.459 продадени возила лани и убедлива стапка на раст од 32,6 проценти. За порастот на глобално ниво најмногу придонесоа новите генерации на спортските теренци на марката, но и богатата понуда од модели во компакт класата. Во овие два сегмента, за првпат се продадени над половина милион возила. За 2016 година има одлични изгледи за нови рекорди, со пристигањето на класата Е, која што Mercedes ја најавува како најинтелигентен автомобил во класата. Емоциите ќе заиграат и со кабриолетот од класата S,  со C-Class Coupe и освежените генерации на родстерите SL и SLC.

mercedes prodazba (2)Хибридниот постигнува сé поголем удел во продажбата. Лани Mercedes понуди четири нови модели со плагин-хибриден погон: C 350 e во лимузинска и комби изведба, GLE 500 e 4Matic и GLC 350 e 4Matic. Во 2017 година, премиум марката ќе има вкупно десет модели со штедливиот погон, со претставување нов модел на секои четири месеци.

Продажбата на Mercedes-Benz Cars во 2015 година

  Декември 2015 Промена во % Јан. – Дек. 2015 Промена во %
Mercedes-Benz 178.017 +9,1 1.871.511 +13,4
smart 10.023 -3,1 119.398 +32,9
Mercedes-Benz Cars 188.040 +8,3 1.990.909 +14,4
         
Регионална продажба        
Европа 72.246 +8,2 798.852 +10,5
– Германја 24.127 +6,3 273.435 +4,7
Азија и Пацифик 61.686 +21,8 615.325 +25,2
– Јапонија 6.627 -9,6 64.989 +7,1
– Кина 37.771 +31,3 373.459 +32,6
Северна Америка 38.557 +2,1 392.843 +5,2
– САД 34.203 +0,6 343.088 +3,8

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возила со бесклучен систем се мамка за крадците, предупредува Auto Bild

Во Renault повторно ќе чкрипат гумите: Пристига Alpine A120