за ,

Mercedes отвори сопствена когенерациска термоелектрана

Центарот на Mercedes од каде што целиот свет се снабдува со резервни делови отсега ќе добива струја и топлина од напредна термоелектрана со ефикасност од над 90 проценти. Тоа е најголемиот центар за делови во браншата.

По седуммесечна изградба, денес стартуваше со работа новата когенерациска термоелектрана на глобалниот центар за логистика на Mercedes-Benz во Гермерхајм. Во модерната термоелектрана се инвестирани 1,95 милион евра, со цел да се придонесе за заштитата на животната средина и да се постигне независност од јавната мрежа за снабдување.

Гигантскиот центар се наоѓа на полуостов во Алтрајн, во Гермерсхајм
Гигантскиот центар се наоѓа на полуостов во Алтрајн, во Гермерсхајм

Когенерацијата ќе покрива значаен дел од потребата од топлина и струја нво Гермерхајм, а воедно ќе ја поштеди атмосферата од 2.800 тони СО2 годишно. Модерната термоелектрана се состои од 16-цилиндарски мотор, на когошто се приклучени синхронен генератор и два резервоара за складирање на топла вода со капацитет од по 15.000 литри. Централата работи со степен на ефикасност од над 90 проценти и со тежината од 15 тони и моќноста од пет мегавати е во состојба да ја покрие потребата од струја и топлина на околу 1.000 просечни домаќинства. Логистичкиот центар оттука ќе покрива над 45 проценти од потрошувачката на топлина и струја.

Дванаесет полначи за струја за електричните возила на вработените во Гермерсхајм

mercedes germershajm lenti 1Во глобалниот центар за снабдување со резервни делови на Mercedes се внимава особено на заштитата на животната средина и на енергетската ефикасност. Низ целата локација се поставени вкупно 12 полначи за струја за електричните возила што ги користат вработените.

Центарот во Гермерсхајм од отворањето во 1990 година е главна логистичка точка на глобалното снабдување на постпродажната мрежа на Daimler AG со резервни делови за патничките и товарните возила на Mercedes, smart и Fuso. Заедно со ограноците во Верт, Етлинген, Офенбах и во францускиот Хатен, глобалниот центар за логистика е најголем централен магацин за делови за возила во целата автомобилска бранша, со површина на магацини од 1,2 милион квадратни метри и асортиман од над 460.000 најразлични делови. Во центарот се вработени околу 2.800 лица.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Истражување во Холандија: Возачите на Honda и Mercedes со најмногу незгоди

Bentley Bentayga: Гала вечер во Монако за почетокот на продажбата