за

Mercedes му отстапи на Volkswagen експертка за разрешување на кризата

Германија покажува солидарност за нападот врз Volkswagen. Врвна правна експертка на Daimler по молба на раководството на Volkswagen премина во Волфсбург да работи на разрешување на кризата околу „Дизелгејт“.

Шефот на надзорниот одбор на Volkswagen, Ханс Дитер Печ, упати молба до неговиот колега во Daimler, Др. Манфред Бишоф, претседателката за интегритет и право во Daimler, Др. Кристине Хоман-Денхарт, предвреме да го раскине договорот за работа што истекува на 28-ми февруари 2017 година. Од 1-ви јануари 2016 година, Хоман-Денхарт ќе ја преземе функцијата на претседател за интегритет и право во концернот Volkswagen.

Претседателот на Daimler AG, во согласност со президиумот на надзорниот одбор излезе во пресрет на барањето, во интерес на добрата корпоративна соработка во германската автомобилска индустрија. Како што Бишоф наведува во сопштението: „Се заблагодаруваме на Кристиме Хоман-Денхарт за одличните работни резултати што ги постигна во Daimler AG и во нејзината нова дејност ѝ посакуваме најголем успех.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Америка немоќна против Volkswagen: 4,35 милиони продадени возила до септември

Можно е само моторите на Volkswagen да се нечисти?