за ,

Mercedes инвестира 580 милиони евра во фабриката во Унгарија

Германците се подготвуваат за следната генерација на класата А со инвестирањето над половина милијарда евра во погоните во Кечкемет. Продажбата на оваа моделска серија бара дополнителни производствени капацитети.

Концернот Daimler ќе вложи 580 милиони евра во проширување на фабриката во унгарскиот Кечкемет. Најголемиот дел од средствата ќе се вложат во погоните за изработка на каросериите, како и за проширување на постоечките производствени капацитети во периодот до 2018 година. Во моментов во фабриката се произведуваат ванот од класата B (од 2012 година), стилската лимузина CLA (од 2013) и нејзината комби-купе изведба CLA Shooting Brake (од 2015 година). Од седиштето во Штутгарт уште не откриваат дали во Унгарија ќе биде преземено и производството на комбилимузината од класата А или на дополнителни моделски изведби во оваа серија.

При поставувањето на камен теменикот, Петер Сијарто, унгарски министер за надворешни работи, Клаудија Патаки, градоначалничка на Кечкемет, Кристијан Волф, шеф на фабриката и Михаел Гебел оставија разни предмети со симболично значење во временска капсула, што потоа беше поставена во темелот
При поставувањето на камен теменикот, Петер Сијарто, унгарски министер за надворешни работи, Клаудија Патаки, градоначалничка на Кечкемет, Кристијан Волф, шеф на фабриката и Михаел Гебел оставија разни предмети со симболично значење во временска капсула, што потоа беше поставена во темелот

Новите погони за каросериска монтажа со површина од 99.000 метри квадратни ќе го чинат германскиот производител 250 милиони евра. Особено внимание при проектирањето е водено за вработените да имаат колку е можно повеќе дневна светлина при работата. Доставата на компонентите во завршната монтажа, во иднина ќе се врши исклучиво со роботизирани транспортери. Овие иновации ќе бидат применети и во останатите фабрики во глобалниот производствен синџит на Mercedes.

Лани во Кечкемет се произведоа над 180.000 примероци од трите моделски изведби од семејството на класата А. Во фабриката се вработени над 4.000 лица. Mercedes досега има инвестирано околу една милијарда евра во унгарската фабрика. Освен во Кечкемет, моделското семејство на база на класата А се произведува и во германскиот Раштат, како и во Пекинг. За покривање на големиот интерес на пазарот за комбилимузинската изведба, дополнително се ангажирани и погоните на Valmet во Финска.

Тест: Mercedes-Benz CLA Shooting Brake 200 CDI

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla со режим за заштита од биолошко оружје

Рекорден собир на 1.350 возила на релито „Simply Ford“