за

Mercedes дозволува неговите камиони да возат со сите алтернативни горива

HVO, BTL, GTL или CTL? Овие кратенки познати на малкумина сведочат дека алтернативните горива во меѓувреме се намножија. Камионите на Mercedes од летово смеат да ги користат сите.

Новите генерации камионски мотори за Mercedes, 10,7-литарскиот OM 470 и 12,8-литарскиот OM 471, од летово смеат да ги користат сите алтернативни горива што го исполнуваат стандардот prEN 15940. Меѓу овие горива се вбројуваат подгрупите HVO (Hydrotreated Vegetable Oil – хидротретирано растително масло), BTL (Biomass to Liquid – биомаса во течност), GTL (Gas To Liquid – гас во течност), CTL (Coal To Liquid – јаглен во течност). Станува збор за најразлични ресурси, коишто преку хемиска постапка се преработуваат во погонски горива.

Подносливоста на алтернативните горива за камионските мотори на Mercedes ја потврдија многубројни тестирања. Никакви преправки не се потребни за моторот да работи со овие алтернативни горива според нормата prEN 15940. Самите горива ги поседуваат истите својства како дизел погонските горива произведени од минерална нафта и поради тоа нема потреба од какви било модификации врз моторите или помошните уреди.

Впрскувањето на гориво, водовите за гориво и заптивките остануваат непроменети. Истото важи и за интервалите за промена на масло во моторот и за чистењето на филтерот за честички. Најважно е тоа што и гаранцијата и одговорноста на производителот продолжуваат да важат без дополнителни ограничувања. Според Mercedes Trucks, моќноста и вртежниот момент на моторите остануваат непроменети при користење на алтернативни погонски горива според prEN 15940.

Од февруари годинава, овие алтернативни горива е дозволени за користење и во сериите мотори од средната класа OM 936 и OM 934.

Какви други иновативни технологии нуди Mercedes Trucks во своите камиони можете да прочитате повеќе тука.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Италијански уметник го претвори BMW во шпагети-автомобил

Во светот за првпат ќе се продадат над 80 милиони автомобили