за

Автоматски менувачи на ZF дел од дизел скандалот

менувач зф во дизел скандалот
менувач зф во дизел скандалот

Државното обвинителство во Штутгарт го проверува софтверот за контрола на автоматските менувачи на добавувачот ZF. Постои сомневање дека софтверот содржи стратегии што можат да влијаат врз потрошувачката на гориво на емисијата на штетни материи.

Продолжуваат истрагите во Германија околу дизел скандалот, но овојпат тие се прошируваат и кај добавувачите. Во државното обвинителство во Штутгарт започна проверка, дали контролниот софтвер за автоматските менувачи на ZF содржи стратегии, коишто можат да влијаат врз мерењата на потрошувачката на гориво и емисијата на штетни материи.

Станува збор за проверка, а не за истражна постапка. Таа ќе се поведе во случај ако се покаже какво било сомневање околу случајот. Од Обвинителството не соопштуваат во кои модели на автомобили е користен софтверот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford GT Mk II

Тркачки Ford GT што не смее да вози на трка и чини 1,2 милион долари

volkswagen id.r rekord goodwood

Volkswagen ID.R го стави рекордот на Гудвуд под напон