за

Менхетен воведува патарина, приходот оди за јавен превоз

Њујорк патарина

Њујорк е првиот град во САД што ќе воведе патарина за автомобили и камиони. Наплатата за пристап во Менхетен ќе започне најдоцна кон завршетокот на 2021 година. Тоа треба да ги реши хроничните застои во милионската метропола. Приходите ќе одат на сметката на подземната железница.

Висината на таксата за пристап во централното подрачје уште не е утврдена, но се спомнуваат дванаесет долари дневно. За камиони, давачката ќе биде двојно повисока. Критичарите негодуваат затоа што мерката најмногу ги погодува луѓето од периферијата кои секојдневно патуваат на работа во градот и не се во можност да користат јавен превоз.

Возачите веќе плаќаат такса за мостовите и тунелите што водат до Менхетен. Наплатата на пристапот во градот ќе биде уште еден трошок.

САД по традиција се потпира на автомобилскиот сообраќај и не вложува многу во јавниот превоз. Примерот од Њујорк ќе можат да го следат и Лос Анџелес и Сан Франциско, кои исто така често се соочуваат со застои.

Во овој клуб на Менхетен сите сакаат да членуваат

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nissan City Hub Париз

Nissan со мини-салон на најпрометно место во Париз

Volkswagen T-Roc test

Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI