145
549 shares, 145 points

Во каросериска работилница во баварскиот Рајхертсхофен е изработен автомобилот што им недостигаше на генерации возачи. Тоа важи барем за оние возачи кои тешко ја наоѓаа врската со оригиналот, во досегашните обиди на Volkswagen, да го врати во живот својот матичен модел.

Memminger е името коешто подолго од две децении им е познато на ентузијастите за оригиналната буба. За реставраторската работа на Георг Мемингер буквално важи изреката „подобро од оригиналот“. Сега има и подобро од тоа. Баварскиот специјалист за реставрација произведе нова буба, каква што била замислувана и посакувана со децении наназад.

Ова е единствениот веродостоен продолжеток на поглавјето за бубата

Бубата на Memminger е класичен родстер, со низок ветробран и две седишта зад него, со рачка на предниот капак, со браници во стилот на 1970-те и со широки прагови. Всушност, секој детал од оригиналниот дизајн се препознава, од хромираните прстени на светлата, преку формата на ретровизорите и рачките на вратите, до отворите за воздух во задниот капак. Дизајнерот Филип Еберл навистина постигнал многу во реанимирањето на бубата.

Привлечноста на овој ретро-родстер сепак е на друго место. Под задната хауба и натаму работи боксер со четири цилиндри и со воздушно ладење, но овој располага со зафатнина од 2.717 сантиметри кубни. Моторот се базира врз 1,7-литарецот што се вградуваше во Volkswagen 411 и 412 во 1970-те години и којшто има различна конструкција од боксерите во бубата. Porsche 914/4 исто така го користеше овој мотор.

Memminger е чистокрвен родстер, со централно поставен мотор

Овој „тешко“ модифициран мотор, кој меѓу другото е префрлен и на електронско впрскување на гориво, има и различна позиција во споредба со оригиналот. Боксерот е вграден пред задната оска. Мајсторијата на Баварците е дотолку повеќе за почитување, кога ќе се има предвид дека „шасијата“ потекнува од оригиналната буба, со меѓуоскино растојание од 2.444 милиметри.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Технички податоци · Memminger Roadster

Мотор 4 цил., боксер, водено ладење
Зафатнина (ccm) 2717
Моќност (КС) 210
Вртежен момент (Nm) 247

Напојување со гориво

Индиректно впрскување

Третман на издувни гасови

Катализатор

Менувач

Мануелен, 5 степени

Каросерија

Челична цевна рамка, заварена за платформата
Должина (mm) 4037
Ширина (mm) 1725
Висина (mm) 1245
Меѓускино растојание (mm) 2444
Трага напред (mm) 1430
Трага назад (mm) 1453
Подвозје
Предна оска Амортизери и навојни пружини, зајакнати носачи на тркалата

Задна оска

Коси водилки, зајакнати
Диск сопирачки напред 278 mm, вентилирани
Диск сопирачки назад 262 mm

Гуми напред

225/45-18

Гуми назад

255/40-18

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Но, затоа е сменето сé останато. Сопирачките потекнуваат од Porsche и подобро што е така, затоа што со моќност од 210 КС и тежина од 800 килограми, овој родстер може да здиви премногу. Во малечката и фина работилница се горди што во нивниот автомобил нема вградено навигација, големи дисплеи, системи за поврзување со мобилен телефон, системи за асистенцијаMemminger е автомобил пред сé, што значи дека има бројач на вртежи, брзиномер, манометар, часовник и рачка за менувачот. За уживање во возењето, повеќе од тоа не треба.

Хер Мемингер не се труди премногу да убедува во способностите и перформансите на родстерот, и единствено наведува дека крајната брзина изнесува далеку над 200 километри на час. Разбирливо е тоа што баварскиот тим не троши време на овие „споредни“ работи. Таму се грижат околу нарачките. Автомобилот, гарантирано, нема да се изработи во повеќе од 20 примероци.

Beetle Dune го враќа духот на „песочното баги“

Најсочуваниот Volkswagen Beetle има поминато само 90 километри

Стари легенди добиваат нова младост со електричен погон

Вредноста на старите „буби“ расте вртоглаво

Како Британците пропуштија да ја присвојат „бубата“ на Volkswagen

Галерија · Memminger Roadster

[tie_slideshow]

[tie_slide]

memminger beetle 2

[/tie_slide]

[tie_slide]

memminger beetle 3

[/tie_slide]

[tie_slide]

memminger beetle 4

[/tie_slide]

[tie_slide]

memminger beetle 5

[/tie_slide]

[tie_slide]

memminger beetle 6

[/tie_slide]

[tie_slide]

memminger beetle 7

[/tie_slide]

[tie_slide]

memminger beetle 8

[/tie_slide]

[tie_slide]

memminger beetle 9

[/tie_slide]

[tie_slide]

memminger beetle 10

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
549 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730