Автомобилите од некогашна Де-Де-Ер прераснаа во ценети и скапи олдтајмери. Меѓу сите модели на Trabant и Wartburg, кои се добро познати и на нашите простори, постои еден автомобил што беше вистинска реткост уште додека се произведуваше. Познавачите веднаш ќе се присетат на Melkus, поточно Melkus RS1000, од рачна изработка и со мошне „необична“ техника.
Кој е германскиот спортски модел со крилести врати, што беше вистинска реткост по улиците уште кога излегуваше нов од фабрика, а добро сочуваните примероци денес достигнуваат астрономски цени? Како помошно прашање: Автомобилот се произведуваше во тогашна ДДР, Германската Демократска Република. Во тој случај, не може да биде Mercedes 300 SL, туку еден сосем друг автомобил.
Во германскиот град Дрезден неодамна се одбележа половина век од појавувањето на Melkus RS1000. Дизајнот на автомобилот станува неважен покрај еден друг факт: Техниката на овој тркачки автомобил потекнува од Wartburg 353. Моделот денес привлекува големо внимание на сцената и добро сочуваните примероци се недостапни исто како на времето.
Спортски автомобил од Источна Германија, па уште и од рачна изработка
Приказната за овој необичен автомобил почнува со извесен Хајнц Мелкус, конструктор и тркач. Тој во 1969 година го претстави првиот и единствен тркачки автомобил од источногерманско производство, кој можеше да се регистрира за редовен сообраќај. До 1979 година, од сопствената работилница на Мелкус излегоа 101 примероци, сите изработени рачно.
Хајнц Мелкус бил познат тркач во 1950-те и 1960-те години. Од двесте трки на кои учествувал, тојо победил дури на 80 трки, освоил шест шампионски титули и трипати го освојувал „Пехарот за мир и пријателство“. Последново е тогашен шампионат на ниво на државите од Источниот Блок.
Идејата за сопствениот RS1000 се раѓа откако Мелкус е престигнат од Lotus Elan за време на неговото патување низ Југославија. Во планската економија на ДДР било практично незамисливо да се реализира таква идеја. Како шеф на сицијалистички колектив за прогрес и развој, тој по повод 20-годишнината на ДДР успеа да развие и да изработи тркачки автомобил. Целта било да се пополни празнина во автомобилската понуда.
Возната динамика повеќе се должеше на ниската тежина, отколку на моќниот погоон
Повеќето од деловите потекнувале од постоечките модели. Моторот и шасијата конкретно се од Wartburg 353. Во стандардната изведба, спортското купе имаше одвај 700 килограми, моторот обезбедуваше 75 КС, а крајната брзина изнесуваше 165 километри на час. Тркачката верзија постигнуваше уште повеќе: 100 КС и 200 km/h.
Двоседот најмногу привлекуваше внимание поради малата висина. Од подлогата го двоеја само десетина сантиметри. Второто обележје беа криелстите врати, како кај италијанските суперспортски и суперскапи автомобили. Познат како „Ferrari од истокот“, Melkus исто така не беше евтин. Неговата цена изнесуваше близу 30.000 источногермански марки. Заинтересираните купувачи мораа да докажат дека се активни во мотоспортот. Мелкус сакаше на тој начин да му даде поттик на мотоспортот во ДДР.
Нов Melkus може да се нарача преку фирмата на синот на славниот источногермански тркач, но за испорака мора да се чека до 2023 година; И цената е изненадување
Производството запре во 1979 година. Синот Петер Мелкус го обнови бизнисот во 2006 година и оттогаш се иработени 45 примероци, според оригиналната документација. Секоја година рачно се изработуваат меѓу два и три примероци. Оригинални делови не недостигаат, Wartburg и останатите „источни“ автомобили неретко достигнуваа милионска продукција. Цената за нов Melkus RS1000 изнесува 90.000 евра. Тефтерот со нарачки е полн до 2023 година. Според последната евиденција на Петер, моментно во Германија се регистрирани 120 примероци од легендарниот спортски автомобил, од времето на Wartburg и Trabant.
Технички податоци |
Melkus RS 1000 улична изведба |
Мотор | Бензин, три цилиндри, двотактен, тип AWE 353, längs надолжно пред задна оска |
Подготовка на смеша | 3 × Карбуратор со централна пловка BVF 28 N1/3 |
Пречник х Од | До 1971: 73,5 mm × 78 mm Од 1972: 78 mm × 78 mm |
Зафатнина | До 1971: 992 cm3 Од 1972: 1119 cm3 |
Компресија | 8,3 : 1 |
Моќност | До 1971: 70 КС (51,5 kW) при 4750 min−1 Од 1972: 70 КС (51,5 kW) при 4500 min−1 |
Вртежен момент | До 1971: 117,7 Nm при 3500 min−1 Од 1972: 127,5 Nm при 3500 min−1 |
Гориво | Мешавина во сооднос 1 : 33 |
Ладење | Водено ладење |
Менувач | Петстепен менувач |
Празно возило | 850 kg (Tuček) односно 690 kg (Kittler) |
Дозволена тежина | 1050 kg |
Распределба на тежина | 45 : 55 |
Димензии | 4000 mm × 1700 mm × 1070 mm |
Меѓуоскино растојание | 2450 mm |
Ширина на трага напред/назад | 1340 mm/1380 mm |
Крајна брзина | 160 km/h (Tuček), 158 km/h (Kittler) |
0–100 km/h | 13,4 s |
Потрошувачка на гориво | 10–12 l/100 km |
Коефициент на отпор на воздух | 0,29 |
Сопирачки | Барабан на сите тркала, по желба дискови напред |