за

Почнуваат специјалните нарачки на McLaren Senna

McLaren Senna MSO Fux

Ексклузивните автомобили како McLaren Senna не се испорачуваат во стандардна изведба. Секој сопственик сака да остави сопствен печат

На њујорчанецот Мајкл Фукс му припаѓа првиот примерок од McLaren Senna што е испорачан на северноамериканскиот континент. Бизнисменот и колекционер на автомобили досега е познат по специфичните барања, коишто сега ги искуси и одделението за посебни нарачки на спортската марка. Повторно.

McLaren Senna MSO Fux 5

Уникатниот примерок од McLaren Senna за господин Фукс веднаш се распознава по видливата карбонска структура на каросеријата, којашто е само превлечена со смарагдно зелена боја. За комплетната изработка на каросеријата од 67 парчиња беа потребни 1.000 часови.

Од планираната продукција од 500 примероци, половината е резервирана за американскиот пазар

Според нарачаната спецификација, централните завртки на тркалата се во црвена боја од едната и во сина боја од другата страна. Внимание привлекуваат и бандажите, коишто се полирани со специјална постапка со челични топчиња. Уникатната „фукс зелена“ боја на каросеријата се повторува и во карбонските елементи во кокпитот, во комбинација со бела кожа.

McLaren Senna MSO Fux 3

Именуван според најголемата легенда во Формула 1, Аиртон Сена, ултимативниот автомобил со знакот на Mclaren располага со 4,0-литарски твинтурбо V8, со моќност од 800 КС и вртежен момент од 800 Nm. Спринтот до 60 милји на час (96 km/h) трае 2,7 секунди, односно околу 6,8 секунди до 200 километри на час. Екстремната моќност работи во комбинација со врвно изведена аеродинамичност, којашто се темели на искуството на McLaren во кралицата на мотоспортот. Потисокот при крајна брзина изнесува 800 килограми. McLaren Senna тежи само 1.198 килограми, помалку дури и од легендарниот F1.

Во колекцијата на Мајкл Фукс се наоѓа и 720S, кој привлекуваше внимание со специјалната изработка на ланскиот собир во Пебл Бич, како и портокалов 12C и виолетов 12C Spider.

Најновиот модел во колекцијата, McLaren Senna, јавноста ќе го види на автомобилскиот собир во Монтереј, на крајот на август.

[FAG id=33746]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

загаденост издувни гасови кабина

Најголемата загаденост со издувни гасови е во кабината на автомобилот

шефот на Audi Руперт Штадлер

Шефот на Audi бара ослободување од притвор