за

Овој McLaren Senna чини 7.000 евра и служи како украс

McLaren Senna, Amalgam

Само најголемите имиња на автомобилската сцена добиваат мини-копија. Кај овој McLaren Senna сé е малечко, освен цената

Спортски автомобил за 7.000 евра звучи како добра понуда. Покрај оваа цена, само малкумина би претпоставиле дека можеби се работи за смалена копија. Сепак не се работи за педесетина евра, колку што обично чинат поскапите мини-модели, туку за цена по којашто навистина може да се купи автомобил.

Работите изгледаат сосема поинаку кога се вмешува името Amalgam, специјалистот за ексклузивни моделчиња. Цени на реален автомобил, тука се реалност. McLaren Senna е изработен во размер 1:8, рачно од врвни мајстори, со користење CAD податоци и спецификации за бои директно од McLaren. Исто како оригиналот, автомобилчето ќе се изработи во серија од 499 примероци.

McLaren Senna, Amalgam 5

Купувачите на Amalgam веројатно и самите поседуваат автомобил од McLaren, па нема да одолеат на можноста мини-моделот да го нарачаат во боја како сопствениот автомобил. Тука спаѓа и бојата на ентериерот, дизајнот на бандажите и бојата на сопирачките клешти. За оваа опција се потребни екстра 1.000 евра. Има уште едно ниво, коешто за дополнително 1.000 евра нуди можност клиентот да нарача какви било модификации во надворешноста и внатрешноста.

Amalgam ужива ист статус како работилниците што ги изработуваат најпрефинетите и најскапи часовници во светот

За подготовката на Amalgam McLaren Senna за производство биле потребни 3.000 работни часови. Еден примерок се изработува за околу 300 часови. Деловите се изработени од полиуретан, нерѓосувачки челик и калај.

„Нови модели“ пристигаат постојано во понудата на Amalgam. Покрај екслузивниот размер 1:8, се изработуваат и модели во размер 1:18. Нивната цена е соодветно пониска, но не и ниска. За август се најавуваат Jaguar E-Type, Ferrari Enzo или тркачки Ferrari 250TR. Цената: 500 евра.

https://vimeo.com/202220755

[FAG id=33797]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan Leaf Nismo

Електро-шампионот Nissan Leaf доби спортска верзија

seat соларни панели

Seat произведува струја со 53.000 соларни панели