за

McLaren P1 за јубилејот од првата титула на Аиртон Сена

McLaren P1 GTR Senna

McLaren изработе уникатен примерок од P1 GTR во знак на 30-годишнината од првата шампионска титула на Аиртон Сена. Болидот во боите на McLaren MP4/4 е именуван „Беко“, по прекарот на најдобриот возач на сите времиња

Одделението за специјални проекти на McLaren изработе уникатен примерок од ултраспортскиот P1 GTR, за триесетгодишнината од првата титула на светски шампион за Аиртон Сена, којашто Бразилецот ја освои со McLaren MP4/4 во сезоната 1988. Автомобилот е лакиран во препознатливите бои на тогашниот спонзор Марлборо, кој повеќе од две децении ги „боеше“ болидите на британскиот тим.

Нарачател е колекционер на McLaren, кој три години соработувал со одделението за специјални нарачки MSO, со цел да создаде специјална верзија на P1 која верно ќе го оддава перфекционистичкиот дух на Сена. Покрај тоа што името на возачката легенда во формула 1 е испишано на повеќе места, заедно со слоганот „Driven to Perfection“, значајни преправки се извршени и во аеродинамиката на каросеријата.

Повеќе од 800 часови се потрошени на лакирањето и изведувањето на деталите на уникатниот McLaren P1 GTR, како што е бројот 12 од болидот на Сена во 1988 година

Семејството на Сена му дозволило на сопственикот на уникатниот P1 GTR, автомобилот да го носи името „Беко“, по домашниот прекар на трикратниот шампион во Ф1. Меѓу повпечатливите зафати се топлинската заштита од моторот од 24-каратно злато и задниот капак од лексан. Моторот постигнува „соодветно задоволително“ повисока моќност од стандарниот GTR, како што опишува сопственикот. Болидот користи хибридна погонска спрега.

https://www.facebook.com/mclarenautomotive/photos/pcb.10156019510866717/10156019510656717/?type=3&theater

Малку за историјата на McLaren MP4/4 и Аиртон Сена

MP4/4 е најуспешниот тркачки болид во историјата на McLaren. Неговото појавување се поклопува со пристигањето на Гордон Мареј, кој подоцна ќе го создаде и „патничкиот“ McLaren F1. Болидот вози во последната година на 1,5-литарските турбо мотори во формула 1. Возачката двојка Аиртон Сена и Ален Прост целосно ги искористуваат предностите од моторот од Honda и од ниската шасија, победувајќи на 15 од 16 трки во сезоната. Таква доминација се нема повторено во мотоспортот. Сена победи на осум трки, освојувајќи го шампионатот по претпоследната трка, во Сузука. McLaren победи во конкуренција на конструктори, со трипати повеќе бодови од најблискиот ривал.

На McLaren 720S Spider покрив не му е потребен

McLaren Speedtail: Лордот од лентата за престигнување

Спектакл за испораката на првиот McLaren Senna

Овој McLaren Senna чини 7.000 евра и служи како украс

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche panamera diesel

Porsche Panamera мора во сервис: Апдејт за сервото

Skoda Fabia 10 TSI Ambition test_mk

Ауто Билд ги прогласи Skoda Fabia, Karoq и Kodiaq за најдобри увозни автомобили за 2018