161
21 shares, 161 points

Марките од ковот на McLaren го имаат тој благодат што автомобилскиот свет објавува за нив дури и кога ќе сменат светилка во салон. Овојпат се работи за многу повеќе, за отворање салон во британскиот Лидс. Автомобилите што беа донесени во чест на одбележувањето на отворањето побудуваат многу интерес.

McLaren отвори нов центар во градот Лидс, кој е оддалечен околу 270 километри северно од Лондон и претставува втор најголем финансиски центар во земјата. Секако дека Британците го организираа настанот на свеченото отворање во манир што не е нов за нивната култура, со благородништво и бизнисмени кои се воедно и потенцијални клиенти на марката. Тоа што му даде посебен печат на настанот, беше присуството на автомобилски икони од историјата на марката.

Во салонот беше изложен новиот McLaren GT, од когошто се очекува да внесе нови правила на игра во сегментот на луксузните гран-туризмо крстосувачи. Ценовникот стартува импресивно, од 163.000 фунти. Покрај новите модели, вклучувајќи ги 600LT Spider и 720S Spider, кои беа лансирани годинава, во салонот ќе се нудат и користени возила, со „печат за квалитет“.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Вистинскиот спектакл беше изложениот F1 XP5, триседот што го постави рекордот за најбрз сериски автомобил во 1998 година, со 386 километри на час. Покрај него се најде Mclaren P1, првиот хибриден хиперавтомобил во светот, како и McLaren Senna GTR, најекстремниот автомобил излезен од Вокинг и најбрз модел на McLaren надвор од трките во формула 1.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Уште една ексклузивност беше McLaren Senna, составен од половина милион коцки Лего и во формат 1:1, за што беа потребни околу 5.00 часови. За тркачкиот ген на марката сведочеше MCL33 од ланската сезона во Ф1.

Карбонската школка е еден од клучните елементи во конструкцијата на секој McLaren; Пристига од сопствено производство, што покрај огромното искуство во Ф1 не е ново за оваа марка произлезена директно од мотоспортот

Јоркшир стана клучен регион зa McLaren, откако во Шефилд почна со работа центарот за изработка на карбонски школки, кои се основата на секој автомобил од ексклузивната британска марка.

Центарот на McLaren во Лидс е дел од светската мрежа од преку 90 дилери, кои покриваат 32 клучни региони ширум светот.

www.leeds.mclaren.com

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
21 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *