за

McLaren бара кројачи, шијачи, бродоградители

McLaren бара кројачи, шијачи, бродоградители
McLaren бара кројачи, шијачи, бродоградители

Британскиот производител на суперспортски автомобили McLaren има потреба од профили што се невообичаени во браншата. Во новиот центар за висока технологија во Јоркшир треба да работат кројачи и вешти мајстори за кајчиња.

McLaren вработува најширок спектар на кадри во новиот центар за композити и развој на нови технологии во Јоркшир. Меѓу специјалностите што му се потребни на производителот со корени во кралицата на мотоспортот се вбројуваат бродоградители, трговци со текстил и кројачи. Кога ќе почне со работа во следната година, центарот ќе вработува повеќе од 200 избрани специјалисти од најразличен ранг.

Новите“ вештини на кроење и шиење се неопходни, затоа што изработката на делови од карбонски влакна запиочнува со материјал кој треба да се сече и да се поставува во калапи, пред следните сложени постапки и конечната фаза, печењето. McLaren, преку центарот што се води кусо MCTC, има амбиција да стане светски лидер во работата со лесни композитни материјали.

New photo by Automedia MK / Google Photos

McLaren има повеќедецениско искуство во работата со ултралесен и ултрацврст карбонски материјал, меѓу другото и во формула 1. Покрај тоа, целата актуелна понуда од модели користи карбонска школка, како јадро на целото возило

Карбонските туби што ќе се изработуваат во Јоркшир, потоа ќе се испорачуваат до фабриката на McLaren во Вокинг, оддалечена околу 270 километри. На карбонската школка, таму ќе се поставуваат погонската спрега, каросериските панели, електриката и тркалата, пред возилата да се испорачаат во 32-та региони во коишто официјално е присутна луксузната марка.

Центарот ќе ѝ носи на локалната економија дополнителна вредност во висина од 100 милиони фунти на годишно ниво, а воедно ќе поттикнува и создавање нови занаети и стручни познавања во регионот. Повеќе од 90 проценти од околу 4.800 автомобили што беа изработени лани, заминаа за извоз.

New photo by Automedia MK / Google Photos

MCTC беше отворен пред точно една година, во присуство на Војводата и Војвотката од Кембриџ, потоа на принциот Салман бин Хамад Ал Калифа, крунисан принц на кралството Бахраин и претседателот на McLaren, Мајк Флуит.

McLaren во Јоркшир: Кога на отворање салон изложуваш Ф1-болид

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes 190 E 1.8 w201

Овие модели на Mercedes стануваат олдтајмери в година

Volvo 7900 Electric Articulated Bus stop

Volvo ја доби најголемата нарачка за електрични автобуси