Британец го уништи својот McLaren излетувајќи од права градска улица. Во објавата на твитер, полицијата прво го исмеваше возачот што удри во ѕид, но потоа мораше и да се извини.
Полициската единица за Сари и Сасекс, на својот профил на твитер објави: „Возачот некако не успеал да го задржи возилото на прав пат во зона со дозволени 40 милји на час“. Објавата се однесуваше на незгодата на возач на суперспортски McLaren 650S. Тој во ноќта кон 1-ви јуни изгубил контрола над возилото и удрил во ѕид на празната улица во Стејнс, во близина на Лондон.
Зајадливата содржина на објавата на твитер добива сосем друга димензија кога ќе се погледне сликата на којашто таа се однесува. На фотографијата се гледа права, одлично осветлена и широка улица, со скапоцениот McLaren 650S буквално забиен во ѕид. Нема повредени во незгодата.
Според полицискиот записник, ништо не укажува на пребрзо возење или друг прекршок. Заедницата на твитер претпоставува дека придружничката му го одвлекла вниманието на возачот. Јавноста, како и вообичаено, го исмева возачот кој бил неспособен да го задржи автомобилот право, на улица по којашто се вози со 40 милји на час, односно околу 65 километри на час.
Но, овојпат и полицијата беше предмет на критика. Коментарите за објавата добија сосем поразличен тек, откако еден корисник праша: „Зошто вашите објави се толку саркастични?“ Потоа следеше извинување. Со случајот почна да се занимава и дневниот печат. Во изјава за Дејли Мејл, полициски инспектор кажа: „Немавме намера да го исмеваме случајот, ниту пак да ја занемаруваме тежината на незгодата.“ Истрагата околу оваа необична незгода уште е во тек.
Chertsey Lane near Staines. Somehow the driver of this McLaren couldn’t keep the car on the straight road in a 40 limit. 🤔🤔🤔🤔
Investigations continue…
40996 pic.twitter.com/Ubc0ICVsny
— Roads Policing Unit (RPU) – Surrey Police – UK (@SurreyRoadCops) May 31, 2020