Летна турнеја и за автомобилската ѕвезда McLaren GT. Неодамна претставениот „гран-турер“ во јуни и јули ќе посети 18 салони во единаесет европски држави.
McLaren ја најавува големата летна тура за својот најнов модел GT. Зад сето тоа има и посебна симболика, затоа што GT во основа значи Gran Tourismo. Тоа ќе биде посебен настан за публиката што ќе пристигне пред салоните на McLaren во 11-те земји во турата.
Почетокот е на 17-ти јуни во Велика Британија, по што турата продолжува во Холандија, Белгија, Германија, Швајцарија, Италија, Шпанија, Франција и други држави. Покрај GT, на настанот ќе бидат достапни и останатите модели на британската марка, вклучувајќи ги 570S (цена од 149.000 фунти) и 720 S (од 237.000 фунти), но и суперавтомобилот McLaren Senna, вреден 750.000 фунти. Именуван по тркачката легенда Аиртон Сена, моделот со 800 КС и спринт до 200 km/h за 6,8 секунди, се распродаде веднаш по стартот на нарачките.
Производството на новиот McLaren GT официјално започнува наесен
Салоните на ексклузивната спортска марка ќе бидат отворени за публиката цел ден, а воедно ќе се организираат посебни настани за клиентите и потенцијалните купувачи.
Големата летна турнеја на McLaren ќе ги посети следните места:
- 17-ти јуни: Бристол, Бирмингем, Лидс
- 20-ти јуни: Лондон, Аскот, Манчестер
- 25-ти јуни: Утрехт
- 26-ти јуни: Њу Форест
- 27-ми јуни: Глазгов и Брисел
- 2-ри јули: Хамбург, Франкфурт, Лугано
- 4-ти јули: Минхен, Диселдорф, Милано
- 10-ти јули: Цирих, Штутгарт, Барселона
- 17-ти јули: Париз
Светската продажна мрежа на McLaren ја сочинуваат 90 салони во 32 региони. Во Европа има само 25 салони, во 11 држави.