за

McLaren GT поаѓа на летна турнеја низ 11 европски држави

McLaren GT summer Grand Tour of Europe
McLaren GT summer Grand Tour of Europe

Летна турнеја и за автомобилската ѕвезда McLaren GT. Неодамна претставениот „гран-турер“ во јуни и јули ќе посети 18 салони во единаесет европски држави.

McLaren ја најавува големата летна тура за својот најнов модел GT. Зад сето тоа има и посебна симболика, затоа што GT во основа значи Gran Tourismo. Тоа ќе биде посебен настан за публиката што ќе пристигне пред салоните на McLaren во 11-те земји во турата.

Почетокот е на 17-ти јуни во Велика Британија, по што турата продолжува во Холандија, Белгија, Германија, Швајцарија, Италија, Шпанија, Франција и други држави. Покрај GT, на настанот ќе бидат достапни и останатите модели на британската марка, вклучувајќи ги 570S (цена од 149.000 фунти) и 720 S (од 237.000 фунти), но и суперавтомобилот McLaren Senna, вреден 750.000 фунти. Именуван по тркачката легенда Аиртон Сена, моделот со 800 КС и спринт до 200 km/h за 6,8 секунди, се распродаде веднаш по стартот на нарачките.

Производството на новиот McLaren GT официјално започнува наесен

Салоните на ексклузивната спортска марка ќе бидат отворени за публиката цел ден, а воедно ќе се организираат посебни настани за клиентите и потенцијалните купувачи.

Големата летна турнеја на McLaren ќе ги посети следните места:

  • 17-ти јуни: Бристол, Бирмингем, Лидс
  • 20-ти јуни: Лондон, Аскот, Манчестер
  • 25-ти јуни: Утрехт
  • 26-ти јуни: Њу Форест
  • 27-ми јуни: Глазгов и Брисел
  • 2-ри јули: Хамбург, Франкфурт, Лугано
  • 4-ти јули: Минхен, Диселдорф, Милано
  • 10-ти јули: Цирих, Штутгарт, Барселона
  • 17-ти јули: Париз

Светската продажна мрежа на McLaren ја сочинуваат 90 салони во 32 региони. Во Европа има само 25 салони, во 11 држави.

http://www.retailers.mclaren.com/en/europe/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes GLE E-ABC

Како новиот Mercedes GLE стана „танцувачкиот автомобил“

Toyota Supra 5 генерации

Пет генерации на Supra во музејот на Toyota во Келн