142
36 shares, 142 points

Патнички автомобил од компанија што е второ најстаро име во формула 1, по Ferrari. Тоа е следниот модел што треба да пристигне од Вокинг, од седиштето на McLaren. Маските паѓаат, тест-возачите сериозно ја сфаќаат смислата на GT-болидите, да се извозат 1.000 милји без запирање.

McLaren почнува со разоткривање на формата на моделот, кого што светот засега го познава како „гран-турер или GT меѓу мекларените“. По отстранувањето на панелите што ја затскриваа вистинската линија на каросеријата се препознава дизајнот на McLaren, едноставен и елегантен. Тоа што останува е маскирната графика, со броеви што ги означуваат револуционерните зафати кои ги донесува новиот модел.

Маскирните шари и бројките од каросеријата ќе бидат „избришани“ во мај

Конечниот изглед ќе биде прикажан во мај. Тоа е два месеци пред публиката да почне да се подготвува за Гудвуд, за Фестивалот на брзината кој во меѓувреме прерасна во еден од главните настани надвор од големите автомобилски салони. Можно е дека премиерата на новиот GT од Вокинг ќе се случи токму таму, во „дворот“ на Лорд Марч.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Тестирањата досега потврдија дека автомобилот се однесува примерно во екстремни климатски услови, во повеќе краишта ширум светот. Главно својство на еден „гран турер“ – од кадешто всушност и потекнува денес толку често користената ознака GT – сепак е способноста да се извозат долги релации без запирање. Тоа е чистата форма на уживањето во возењето, кадешто целта е возењето, а не крајното одредиште.

Возачкото седиште во средина и две седишта назад по пример на McLaren F1, простор за багаж, скапи материјали, доволно комфорно подвозје и врвни возни својства

Тимот на McLaren деновиве ќе ја извози релацијата од развојниот центар во близина на Барселона до седиштето на компанијата во Вокинг, Англија, долга 1.000 милји или 1.600 километри – без пауза и без одмор, но со уште двајца патници покрај возачот и со сиот багаж.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ова е четвртиот автомобил во планот Track25 на McLaren. Моторот е класика, 3,9-литарски твин-турбо V8. Тоа што ќе го издвојува наследникот на легендарниот „F1“ секако дека ќе бидат возните својства, за кои McLaren ветува дека досега не се постигнати меѓу врвните гран-турери.

Основата потекнува од хиперавтомобилот McLaren Speedtail. Името уште е мистерија, од Вокинг најавуваат дека моделот ќе носи име што досега не е користено од англиската марка.

Lego во моделска офанзива: McLaren Senna за „коцкари“

McLaren P1 за јубилејот од првата титула на Аиртон Сена

На McLaren 720S Spider покрив не му е потребен

McLaren Speedtail: Лордот од лентата за престигнување


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

142
36 shares, 142 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *