за

На McLaren 720S Spider покрив не му е потребен

McLaren 720S Spider

Со карбонска школка, близу сто килограми полесен од сите и со покрив што се спушта за десетина секунди, McLaren 720S Spider прави на конкуренцијата да ѝ стане студено

Два новитета се претставени, остануваат уште шеснаесет. Тоа е планот на McLaren до 2025 година, во чиешто остварување, британската „ковачница“ на спортски автомобили вложува 1,2 милијарда фунти. Вториот новитет е отворената каросериска изведба на 720S, со вообичаениот додаток Spider. Но, кога станува збор за McLaren ништо не е вообичаено.

McLaren 720S Spider 2am#

Како и сите модели на McLaren, 720S Spider поседува карбонска школка од последната генерација, којашто се води како Monocage II-S и се разликува од претходната по тоа што отсуствува надолжниот гребен по горната половина на школката. Разликата во споредба со купето 720S секако дека е во покривот и во преградата зад кабината, во којашто истиот се преклопува и собира со помош на електромотори.

Карбонската школка воопшто не мораше да се зајакнува за отворената каросериска варијанта на McLaren 720S

Карбонската школка е толку цврста што воопшто не беа потребни дополнителни зајакнувања по „отсекувањето“ на покривот. Дури и впечатливо тенките предни столбови од купето 720S останаа нечепнати. Тоа е призната мајсторија на McLaren, кој го има печено занаетот со карбонот директно во кралицата на мотоспортот, во формула 1.

McLaren 720S Spider 3am#

Новиот спајдер од Вокинг е само 49 kg потежок од купето, што првенствено се должи на механиката за преклопливиот покрив, како и на капакот врз преградата за покривот. Со 1.332 килограми, 720S Spider и натаму е најлесен во сегментот, со предност од 88 килограми од најблискиот конкурент.

Крајна брзина 341 km/h со покрив, 325 km/h без покрив; И самиот покрив е брз, се трансформира за само 11 секунди

Бројките што сакаат да ги слушнат фановите на суперспортските автомобили од најпрефинета сорта се други. McLaren 720S Spider го користи истиот 4.0 V8 од купето, со 720 КС и 770 Nm. Спринтот до темпо сто трае 2,9 секунди, до 200 km/h се потребни само 7,9 секунди – тоа е само десетинка послабо од купето. Стандардна милја од старт се минува за 10,4 секунди. Крајната брзина изнесува 341 km/h, со подигнат покрив. Уште една мајсторија на аеродинамичарите на McLaren: Дури и со спуштен покрив, Spider постигнува крајни 325 km/h.

McLaren 720S Spider 5am#

Брзината е одлика и на покривот. Времетраењето на трансформацијата изнесува 11 секунди, што е 6 секунди подобро од 650S Spider. Покривот може да се спушти или подигне до брзина од 50 km/h (претходникот 30 km/h). McLaren само во механизмот за преклопување на покривот има патентирано три решенија.

Ракувањето во кокпитот го презема голем дисплеј – и тоа е заради заштеда во тежина

Задниот прозорец се спушта автоматски кога се ракува со покривот, но истиот може да се отвори и по желба, за звукот од моторот да се пренесе директно во кабината. Опција е стаклена изведба на преклопливиот покрив, за уште поуникатно доживување при возењето. Стаклото може да се затемнува електрохроматски, со посебни команди. Ракувањето во кокпитот го презема дисплеј од 8 инчи, по пример на Tesla.

McLaren 720S Spider 4am#

Проактивната хидраулична суспензија на McLaren 720S веќе стана легендарна со спојот на ултимативни возни својства и релативно комфорно возење. Врвно достигнување е и електрохидрауичното управување, со исклучителна прецизност и повратна информација. Три програми стојат на располагање: Комфорна, спортска, за тркачка патека.

Посебно за Spider се дизајнирани 10-краки ковани бандажи, на кои стандардно следуваат Pirelli P Zero, „по мера“. Во палетата од вкупно 23 бои за каросеријата има две нови: Белизе сина и ацтешка златна.

Канцелариите во Вокинг веќе примаат нарачки, договор за возило се потпишува по цена од 237.000 фунти. Тоа е чесна цена. Испораките стартуваат во март.

The smooth flow of the exterior lines on the #McLaren720S manipulate onrushing air to reduce drag and cool the engine. A coming together of science and aerodynamic design inspiration. Here's our McLaren Scientists to tell you more. #25DaysOfMcLaren

Posted by McLaren Automotive – The Official Page on Sunday, December 9, 2018

Технички податоци · McLaren 720S Spider

Мотор

  • M840T, 4.0 литри, твин турбо V8, 3,994cc, вграден надолжно, во средина, погон назад
  • Моќност 537 kW (720 КС) / 7500 min-1
  • Вртежен момент 770 Nm / 5500-6500 min-1

Пренос

  • 7-степен SSG, со комфорен, спортски и тркачки модус

Управување

  • Електрохидраулично, серво

Шасија

  • Школка MonoCage II-S, карбон, со алуминиумски зони на гмечење напред и назад

Суспензија

  • Независно приспособливи амортизери, двојни триаголни водилки од алуминиумска легура, полуактивно подвозје Proactive Chassis Control II (PCC II), со комфорна, спортска и тркачка програма

Сопирачки

  • Карбон-керамички дискови, напред 390 mm, назад 380 mm; алу-клешти (6-клипни напред, 4-клипни назад)

Бандажи

  • Напред 9J x 19; назад 11J x 20

Гуми

  • Напред 245/35/R19 93Y; назад 305/30/R20 103Y

Должина, mm

  • 4,543

Меѓуоскино растојание, mm

  • 2,670

Висина, mm

  • 1,196

Ширина, mm

  • 1,930

Ширина на трага, mm

  • Напред 1,674; назад 1,629

Тежина според DIN, kg [работни течности + 90% резервоар]

  • 1,468

Багажник

  • Напред 150l; назад 58l

ЗАБРЗУВАЊЕ

  • 0-100 km/h: 2.9 s
  • 0-200 km/h: 7.9 s
  • 0-300 km/h: 22.4 s
  • 0-400 m: 10.4 s

Крајна брзина (покрив подигнат/спуштен)

  • 341 / 325 km/h

Забавување

  • 200 – 0 km/h: 4.6 s/118 m
  • 100 – 0 km/h: 2.8 s/30.3 m

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО

  • CO2 [WLTP] 276 g/km
  • Просек 11.6/100km
  • Град 16.8/100km
  • Пат 8.6/100km

McLaren Speedtail: Лордот од лентата за престигнување

Спектакл за испораката на првиот McLaren Senna

Овој McLaren Senna чини 7.000 евра и служи како украс

McLaren 600LT ја круниса спортската серија од Вокинг

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volvo xc gama akcija premium ags

Volvo стартува со акциска понуда за своите теренски модели

kia sportage gt line portokalova

Kia го лакира Sportage во специјална боја со стаклени честички