Вести

McLaren 720S се продава за 20 биткоини

Зделката изгледа добро, но малкумина би се откажале од својата вредна валута во моментов

Цел свет зборува за биткоини, одеднаш сите сакаат да ги набават, само малкумина разбираат како функционира крипто валутата. Еден Американец го нуди и својот суперспортски автомобил во замена за 20 биткоини.

Плаќање само во биткоини, разгледување на возилото може, но само под услов да се префрли 0,0001 биткоин на сметка на сопственикот. Цената на овој McLaren 720S изнесува само 20 биткоини. До пред само некој ден, суперспортскиот автомобил од британската марка се нудеше за продажба на платформата Craigslist за 30 биткоини. Но, дигиталната валута во меѓувреме достигна фантастични вредности, па соодветно се спушти и цената на огласот.

Колку всушност вредат 20 биткоини во моментов?

Пред неколку години, за 20 бит-парички одвај можеше да се купи пристоен велосипед. Денес за оваа сума веќе стои на располагање и McLaren 720S. Еден биткоин моментно вреди над 19.100 долари. Според тоа, цената на скапоцениот спортски автомобил со само 750 извозени милји би изнесувала 382.000 долари. Тоа веќе ја надминува вредноста на автомобилот на ново.

Валутата продолжува со вртоглавиот раст, сопственикот мора повторно да ја коригира цената на огласот. Но, со тоа се намалува и веројатноста дека ќе се најде купувач подготвен да се откаже од валутата чијашто вредност расте, наспроти автомобилот чијашто вредност може само да опаѓа.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729