Првиот модел од новата „спортска серија“ на McLaren е 570S Coupe. Наспроти суперексклузивните модели, новото купе ќе цели во класата на „понормалните“ автомобили, како Porsche 911 Turbo и Audi R8.
Британскиот специјалист за брзини и коњски сили автомобили ја најави премиерата на првиот модел од новата „спортска серија“. Во почетокот на април, McLaren 570С Coupe ќе биде претставен на 115-от салон на автомобили во Њујорк, како зачетник на серијата модели што ќе ја прошири понудата на марката во сегментот на „Turbo“ и „GT“ изведбите на Porsche 911 и Audi A8. Новиот модел на McLaren поседува мотор V8, каросериска структура од карбон и врвна аеродинамика.
Со премиерата на 570S Coupe во Њујорк, McLaren за првпат ќе ги прикаже заедно трите сегменти во понудата: Sports Series со моделот 570S Coupe, Super Series со 650S и Ultimate Series со P1. Исто како поскапите и екслузивни модели, новото купе ќе понуди врвни перформанси и возни својства во својата класа. По пример на моделот 650S, ознаката на моделот се однесува на моќноста на моторот. Соодветно на тоа, новиот 570S ќе располага со 570 КС. Светската премиера на моделот е во среда, на 1-ви април.