за

McLaren е причина за загриженост за Ferrari и компанија

Ланската година беше мошне успешна за McLaren. Од фабриката во Вокинг излегоа 1.654 суперспортски автомобили, што е нов рекорд за компанијата и причина за загриженост на италијанските „одгледувачници“ на расни коњи.

Многу марки во последно време изникнуваат од никаде и завршуваат исто како што се појавиле, преку ноќ. Тоа што купувачите го ценат е „приказната“ што со себе ја носи марката. А, зарем постои поубедлива и поимпесивна приказна од онаа на McLaren, второ по старост име во формула 1 по Ferrari, со еден од најуспешните тимови во историјата на формула 1. И уште, со McLaren F1, хиперавтомобилот што во 1990-ти ги запрепасти италијанските расни одгледувачници на спортски болиди и остана забележан како еден од најзначајните автомобили во историјата.

„Sports Series“ и 570S како најсилен модел во серијата е развиена со цел да се понуди суперспортски автомобил за секој ден
„Sports Series“, со 570S како најсилен модел во серијата, развиена е со цел да се понуди суперспортски автомобил за секој ден. Тоа значи привлекување нови купувачи во McLaren и нови грижи за Porsche 911 Turbo

Потребно беше само да се понуди малку подостапен модел, што McLaren лани и го направи, со претставувањето на спортската серија составена од 570S и 540C, за на пазарот на суперспортски автомобили да се издвои „нова“ силна марка. McLaren лани произведе рекордни 1.654 возила. Тоа е огромно достигнување, ако се има предвид дека марката стартуваше одново пред само пет години. Најголема заслуга за рекордната продажба има токму лансирањето на 570S и 540C.

На Британците им претстои нова рекордна година. За испорака на моделите од спортската серија во моментов се чека најмалку шест месеци и за овој рок да не се зголемува до неподносливи граници што ќе ги разбркаат муштериите, McLaren вработува уште 250 лица во изработката на возила.

Дури пет нови модели од McLaren беа претставени лани

Лани марката претстави дури пет нови модели, заокружувајќи ја гамата составена од спортска, супер и ултимативна серија: McLaren P1 GTR од ултимативната серија и 675LT Coupе од супер серијата, ограничен на 500 примероци. Обата модела се распродадоа веднаш. Во декември следеше и Spider од 675LT, исто така ограничен на 500 примероци и распродаден за само две недели.

Во декември бше испорачан последниот од серијата ограничена на 375 примероци од хиперспортскиот McLaren P1
Во декември бше испорачан последниот од серијата ограничена на 375 примероци од хиперспортскиот McLaren P1

Во април следеше лансирањето на моделите од спортската серија, како конкуренти на Porsche 911 Turbo & Co. По купето 570S, на салонот во Шангај беше претставен и 540C. Во оваа и во следната година McLaren ќе претстави уште две каросериски изведби во „евтината“ спортска серија, кои заедно со постоечките модели од серијата ќе учествуваат со две третини во вкупната продажба на марката. Во декември беше испорачан и последниот примерок од серијата ограничена на 375 примероци од хиперспортскиот P1.

Од следниот месец ќе се произведува и во втора смена во Вокинг. Со новите 250 вработени, дневната продукција ќе се зголеми од 14 на 20 автомобили до средината на годинава.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault-Nissan ќе претстави десет „самовозечки“ модели до 2020

Располагањето со податоци им носи пари на производителите на автомобили