за ,

McLaren го затвори и списокот за чекање на P1

Најспортскиот од сите спортски автомобили се распродаде за миг. Но, за тркачи како P1 секогаш постои резервна листа, ако некој се откаже. Сега и таа е затворена, сите надежи пропаднаа.

Од наследникот на легендарниот F1 се продадени 375 примероци. Додека се развиваше автомобилот и за време на салонската премиера во Париз пред година и пол, за McLaren P1 пројавија интерес 750 потенцијални купувачи. Заради есклузивност, односно поради тоа што секогаш мора да остане некој што и натаму ќе копнее да го поседува автомобилот, Британците ја преполовија оваа бројка на 375 возила.

Производителот, директно или преку неговите дилери, и натаму добива многубројни повици од луѓе што кажуваат „имам пари, љубител сум, морам и сакам да го имам P1.“ Бројот на повици драстично се зголемил откако беа објавени првите тестови на моделот во реномираните светски медиуми. Но, без оглед на тоа што легендарната марка од Вокинг може да заработи уште стотина милиони евра, од поставената бројка 375 не се отстапува.

Производителите што возилата ги изработуваат практично по нарачка, поради чувствителната природа на работата секогаш имаат резервен список, доколку некој од првично пријавените на официјалниот список се откаже од моделот. Тоа се има случено двапати кај McLaren P1. Но, секогаш има други двајца заинтересирани. За суперексклузивниот P1, Британците имаа резервен список од 50 клиенти. Сега и тој е затворен, пропаднаа и надежите дека некој ќе се откаже од својот P1.

При составувањето на списокот од 375 среќници, McLaren првенствено го земал во предвид типот на клиентот. „Нашата база од клиенти се разбира дека е многу помала од онаа на Ferrari, каде што е потребно да имате многу автомобили од марката доколку сакате да се квалификувате за некоја ограничена моделска серија,“ откриваат од Вокинг. „Но, и нашите клиенти имаат 12C, SLR или F1. Баравме луѓе во кои што имавме доверба дека го купуваат автомобилот за сеге, а не за препродажба“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault и Nissan одбележаа 15-годишнина

Идеолошка утка на BMW: Спортски пакет М за семејниот ван