за

Mazda ја зголемува продажбата во Европа додека целиот пазар се движи удолу

Mazda3 2.0 Skyactiv-G M Hybrid
Mazda3 2.0 Skyactiv-G M Hybrid

Европа како втор најголем пазар на јапонската марка го покажува очекуваниот ефект од продажбата на новата Mazda3 и бележи раст од 2 проценти. Наскоро започнуваат и испораките на вториот модел од новата генерација, кросоверот CX-30.

Mazda во второто тромесечје продала 353.000 возила на светскиот пазар, што е за 12% помалку во споредба со лани. Причините за тоа лежат во еден дел во високиот курс на јенот, но и во колебањето на купувачите на клучните светски пазари, како што е Кина, поради турбуленциите што ги предизвика политиката на американскиот претседател Трамп.

Затоа, пак, пазарот во Европа минува одлично за Mazda. Продажбата меѓу 1-ви април и 30-ти јуни забележа 60.000 возила или за 2% повеќе од истиот период лани. Германија останува најголем пазар за Mazda во Европа, со 17.000 примероци продадени за три месеци (+6%). Уште повеќе напредува британскиот пазар, кадешто биле продадени 8.000 возила или за 8% повеќе отколку во вториот квартал лани. Вкупниот автомобилски пазар во двете земји е во минус, исто како и на останатите клучни пазари во Европа.

Северна Америка е најголем пазар за Mazda во светски рамки, Европа е на второто место

На домашниот пазар, Mazda продала 39.000 возила. Северна Америка е најголем продажен регион за марката, со 100.000 возила. Мексико учествува со 13.000 возила (+1,0%). Кинескиот пазар регистрирал 54.000 нови возила од Mazda, додека во регионот на Југоисточна Азија биле продадени 29.000 возила.

Од продажбата во второто тромесечје (прво тромесечје во деловниот биланс на јапонските компании) е постигнат промет од 848,9 милијарди јени или 6,85 милијарди евра. Оперативната заработка изнесува 56,5 милиони евра, односно чистата заработка е 41,9 милиони евра.

Mazda планира да ја заврши деловната година со (до 31-ви март 2020) со 1.618.000 продадени автомобили и оперативна заработка во висина од 873 милиони евра. Продажбата на Mazda3 врвни одлично и се очекува дополнителен поттик со стартот на револуционерниот Skyactiv-X, исто како и од новиот кросовер CX-30, чиишто испораки стартуваат во септември.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford capri rs 2600 video50god

Ford со славеничко видео за 50-годишнината на Capri

фолксваген голф 8 мадрид

Volkswagen Golf VIII уловен при фото-сесија во Шпанија