за

Mazda Vision Coupe е концептен автомобил на годината

mazda vision coupe concept car year

Mazda Vision Coupe е избрана за концептен автомобил на годината на 11-та Вечер на автомобилскиот дизајн во рамките на салонот во Женева. Првиот сериски модел што ќе го следи новиот дизајнерски правец пристига веќе в година.

Осумнаесет експерти, меѓу кои спаѓаат и неколку актуелни дизајнери во големите автомобилски куќи, ја избраа Mazda Vision Coupe за концептен автомобил на годината. Изборот се одржа во рамките на 11-та Вечер на автомобилскиот дизајн, за време на салонот во Женева. Ова претставува уште една важна награда за концептниот автомобил којшто го најавува изгледот на новата генерација на Mazda 6 и којшто во февруари беше избран за „Најубав концептен автомобил на годината“ во рамките на Автомобилскиот фестивал во Париз.

Икуо Маеда, главниот дизајнер на Mazda, потврди дека првиот автомобил од сериско производство со дизајн во стил на Vision Coupe ќе пристигне веќе во 2019 година. Mazda го претстави концептот на престижното купе лани на салонот во Токио, како следна фаза на актуелниот дизајнерски правец Kodo – Душа во движење. Дизајнот ги почитува основните принципи на јапонската естетика.

Mazda Kai ја најавува новата тројка за 2019 година

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen proizvodstvo energija

Volkswagen уште произведува со струја од јаглен

турбо дизел знак

Само третина од новите автомобили во Германија се дизели