137
24 shares, 137 points

Во студијата Kai од салонот во Токио се крие следната генерација на Mazda 3. Дизајнот зема нов залет, има големи најави и во техниката. Во идните модели на Mazda ќе работи бензинец што сам си ја пали смешата, се враќа и ванкелот, но само како припомош.

Концептниот автомобил Kai е главната ѕвезда на штандот на Mazda на салонот во Токио. Тој го најавува изгледот и техниката на следната генерација на Mazda 3. Комбилимузината ќе ја има својата сериска премиера кон крајот на следната година, за продажбата да стартува веќе во почетокот на 2019.

Двојна пионерска улога за Mazda Kai на салонот во Токио

Kai е јапонски збор за „пионер“. Примерокот што е изложен на салонот во вообичаената црвена боја на дизајнерската марка од Јапонија е пионер од два аспекта. Идната Mazda 3 ќе биде автомобилот што ќе ја донесе во живот следната еволуција на „кодо-дизајнот“. Многу поважно од убавиот изглед е тоа што се наоѓа под хаубата. Mazda се подготвува за својата следна специјалност во погонската техника, којашто техничкиот свет досега ја нарекуваше диз-ото или бизел. Станува збор за технологија што ги спојува бензинецот и дизелот во едно, односно за бензински мотор којшто ја пали работната смеша со нејзино компримирање.

Mazda Kai Tokio 5

Mazda не експериментира барем со името на моторот и го нарекува едноставно Skyactiv-X. Место да скусува цилиндри и работна зафатнина, Mazda разви бензинец со степен на компресија 16:1. Тоа е премалку за дизел, премногу за бензинец. Во комбинација со специјална форма на челото на клиповите и приспособено впрскување на горивото, техниката ќе се погрижи моторот да троши колку дизел, но да ја задржи префинетоста на бензинците.

Со техниката последен се занимаваше Mercedes, претставувајќи ја како погонска сензација во својата студија F700 пред десетина година. Швабите набрзо се откажаа од техниката, но Јапонците не издржаа да не ја испробаат.

Mazda Kai Tokio 1

Резултатот е дволитарски мотор со четири цилиндри, кој ги комбинира темпераментот и лесното качување вртежи на бензинец, со штедливост, вртежен момент и рано повлекување на дизел мотор. Компресијата од 16:1 е поблиску до дизел, отколку до бензинец. Mazda ја нарече технологијата Spark Controlled Compression Ignition или кусо SPCCI.

Skyactiv-X ветува до 30% повисок вртежен момент и до 30% пониска потрошувачка на гориво

Моторот со моќност од 190 КС е прв сериски бензинец со компресиско палење. SPCCI користи исклучително посна работна смеша, којашто се пали под дејство на компресија – исто како кај дизел. Свеќичката за палење сепак постои и таа фрла искра единствено при поаѓање и при крајно оптоварување.

Mazda Kai Tokio 4

Во комбинација со 24-волтна мрежа и електромотор кој функционира како стартер-генератор (благ хибрид), SPCCI постигнува за 10 до 30 % повисок вртежен момент и за 20 до 30% пониска потрошувачка на гориво. Идејата е во тоа бензинскиот мотор да ја постигне штедливоста на дизел мотор, но без штетната емисија од азотни оксиди и гареж.

Конвенционалните мотори остануваат во понуда кај новата Mazda 3

Новата Mazda 3 сепак ќе продолжи да ги користи обичните бензинци и дизели. Првите ќе бидат изведени како благ-хибрид, што ќе им донесе и дополнителна моќност во споредба со постоечките мотори со 120 и 165 КС. Основниот дизел ќе има поголема работна зафатнина и повисока моќност во споредба со постоечкиот 1,5-литарец со 105 КС. Плагин-хибрид не се планира. Фановите ќе мора да почекаат до 2021 година, кога марката ќе го претстави својот полу-електричар.

Mazda Kai Tokio 2

Mazda 3 ќе користи нова платформа, којашто е наменета и за идните кросовери CX-2 и CX-3. Новитети се специјално контурираните седишта што подобро ја подржуваат природната форма на рбетниот столб, како и подвозје што значително ги филтрира звуците и вибрациите.

За 2019 година се планира и првиот „батериски“ автомобил на Mazda, како резултат од неодамна склучената соработка со Toyota и Denso. Посебност на Mazda ќе биде тоа што мал ванкел мотор ќе се користи како генератор на струја за батериите.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

137
24 shares, 137 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743