за

Mazda CX-4 е новиот јапонски СУВ со техника од „тројката“

Јапонците подготвуваат премиера на компактен СУВ-модел со опаш во стил на купе за салонот во Женева. Новата Mazda CX-4 ја користи техниката од Mazda3, вклучувајќи го и моторот Skyactiv-X, првиот сериски бензинец кој ја пали смешата како дизел

Mazda подготвува нов модел за европскиот пазар. Покрај огромниот и континуиран раст на продажбата во сегментот, не е изненадување што се работи за СУВ-модел. Новата Mazda CX-4 ќе има препознатлив стилски настап, со покривот кој ќе се спушта наназад како кај купе. Премиерата е потврдена за салонот во Женева, во март.

Јапонската марка веќе има во својата понуда еден модел со ознака CX-4, но тој е наменет за кинескиот пазар и нема сличности со „европскиот“ модел, затоа што се базира врз платформата од CX-5.

Изгледот на Mazda CX-4 ќе се раководи според студијата Koeru од 2015 година

Дизајнот на компактното СУВ-купе ќе се раководи според студијата Koeru од 2015 година, вклучувајќи ги главните белези на веќе познатиот кодо-дизајн, односно масивната предна маска и тенките светла. Како техничка основа за CX-4 служи новата платформа Skyactive, којашто имаше премиера во Mazda3.

Заедно со платформата пристигаат и моторите од јапонскиот компакт. Понудата од погонски единици се состои од дволитарец во верзии со моќност од 122 и 150 КС, комбиниран со стартер-алтернатор и компактна литиум-јон батерија во таканаречен благ хибриден погон. На тоа следи и 1,8-литарски дизел со моќност од 116 КС.

Бензинецот Skyactiv-X кој ја пали смешата под дејство на компресија е повеќе од утеха за отсуството на ванкелот, како традиционален специјалитет на Mazda

Ѕвезда под хаубата сепак е новиот мотор Skyactiv-X, кој исто така имаше премиера во Mazda3. Станува збор за првиот бензински мотор од сериско производство, кој ја пали смешата под дејство на компресија, како дизел. Тоа се случува во одредени работни режими, затоа што моторот поседува и класични свеќици за палење. Предноста е во намалената потрошувачка, при подобрени перформанси.

Нема официјална потврда околу стартот на продажбата, но како ориентација може да се смета на последниот квартал од годинава.

Mazda3 стартува со продажба во Германија: Со револуционерен „дизел-бензинец“

И во Mazda имаат нова „тројка“ за фалење

Mazda MX-5: Три банки и уште не ѝ доаѓа разумот

Mazda 6 привлекува внимание и без дизел скандали

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi tt rs coupe osvezuvanje

Луто Audi што се фаќа во костец и со Porsche

избор бензин или дизел автомобил

Колку се заштедува со избор на бензинец место дизел?