170
22 shares, 170 points

ица како купе уште расте, но многумина уште сега проценуваат дека нема причина да се чека на тоа што понатаму ќе го понуди сегментот. Mazda CX-30 ја користи платформата од „тројката“ и добро им парира на Audi Q3 Sportback, BMW X2 или Jaguar E-Pace. Премиум модел? Дефинитивно да.

Уште еден новитет во салонот на Mazda, по одвај половина година од пристигањето на новата Mazda3. Кросоверот со елегантен опаш како купе и со бројни каросериски детали што се стилски доработени, во техничката основа исто така е Mazda3. Тоа ги подразбира сите оние фини работи што се докажаа на дело на тестот на Mazda3 2.0 Skyactiv-G, но и цела низа други обележја на новата генерација модели на Јапонците. Mazda CX-30 е вториот модел од таа генерација, што беше најавена пред две години со концептите Kai и Vision Coupe. Сега, тоа е реалност.

Mazda CX-30 се позиционира меѓу CX-3 и бестселерот CX-5, со идеја да ги привлече купувачите на коишто им се допаѓаат компактните димензии на првиот, но во исто време ги сакаат просторноста и практичноста на поголемиот модел. Во директна споредба со комбилимузинската Mazda3, кросоверот е покус 65 mm (4.395 mm), исто е широк (1.795 mm), во меѓуоскиното растојание исто така е покус 70 mm (2.655 mm), но затоа е повисок за 105 милиметри (1.540 mm).

New photo by Automedia MK / Google Photos

Багажникот располага со плус 79 литри во стандардна положба (430 литри), односно плус 380 литри со соборена клупа (1.406 литри). Тежината во моделската изведба со дволитарскиот Skyactiv-G е повисока за само 46 килограми. Растојанието од подлогата е воедно зголемено за 40 милиметри, така што кусите излети надвор од асфалтот нема да претстсавуваат проблем. Тоа е генерално споредбата со комбилимузината.

Бројките малку говорат за тоа што го нуди новата генерација модели на Mazda; Купе-кросоверот CX-30 е вториот модел

Бројките сепак не се тие што го откриваат карактерот на овој автомобил, како што се покажа и при тестирањето на Mazda3. Многу повеќе импресионираат деталите и посебното чувство при возењето, а секако и тоа што претставува спој од дизајнерска храброст и уметничка изведба. Дизајнот е продолжение на „Духот на движењето“, односно на правецот Кодо, од претходните моделски генерации на Mazda, но продолжение што прерипува неколку скалила одеднаш.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Тоа што кај Mazda3 е изведено минималистички, но совршено, кај Mazda CX-30 е збогатено со линии, рабови, контури, што е верно на робусниот карактер што треба да го оддава еден кросовер. Силуетата потсеќа на оние брзи и скапи глисери, со предниот браник со контура што продолжува навнатре, со рамната и долга хауба, ниските прозорци или со задниот столб што изгледа како е обликуван од рака, не од преса.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Многу детали се кријат буквално на секој агол: Извлечениот дел пред хаубата формира стреа над масивната маска и светлата, со многу хром во когошто се рефлектира некоја друга форма; Решетката во маската создава различен ефект од секој агол, на момент елегантно, на момент тркачки грубо; Подлога со потемна боја под горниот раб на светлата прави овој дел да изгледа како да е изработен од друг материјал, различен од светлата. Кулминација е кога ќе се здогледа колку вешто е изведен работ на делот од задните светла што останува по отворањето на багажникот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Кокпитот е идентичен со комбилимузината, за што никој нема да забележи. Тоа е спој од врвна ергономија, добар избор на материјали, многу модерна техника, а воедно и неколку делови што се повикуваат на стилот на арматурните табли од 1970-те години. Опремата го следи примерот од Mazda3, вклучувајќи сигурно десетина напредни системи за асистенција (радарски темпомат, препознавање замор, камера за знаци, следење лента, автоматско долго светло и др), но и автоматска клима, навигација, проекциски дисплеј, диодни светла, сето тоа уште во основното ниво на опрема.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Понудата од погонски единици се состои од два бензинци и еден дизел. Основата е дволитарскиот Skyactiv-G, кој наспроти турбо-манијата настапува како класичен атмосферец со моќност од 122 КС и вртежен момент од 213 Nm. Посебност претставува тоа што погонската спрега е изведена како благ хибрид, вклучувајќи и исклучување на цилиндрите при ниско или рамномерно оптоварување. Дополнително може да се избира изведба со класичен 6-степен автоматски менувач или изведба со погон на сите тркала – и сите меѓусебни комбинации, што е чекор за пофалба. Mazda CX-30 со овој мотор и со мануелен менувач на македонскиот пазар стартува од 25.480 евра. Просечната потрошувачка според далеку пореалната норма WLPT изнесува 6,2 литри. Забрзувањето до темпо сто трае 10,6 секунди, CX-30 со овој мотор достигнува 186 km/h.

Бензинецот што во одредени услови „пали“ како дизел, под дејство на компресија, доаѓа како специјалитет од техничарите на Mazda, кои мораа да најдат занимација откако паузира ванкелот

Следен избор е гордоста на техничарите на Mazda – чијшто креативен порив мораше да се покаже некаде, откако Јапонците повеќе не го нудат ванкелот – моторот Skyactiv-X, како прв сериски бензинец, што во одредени услови може да ја пали смешата како класичен дизел, под дејство на притисок. На тој начин се постигнува намалување на потрошувачката на гориво за околу 30 проценти. Овој мотор исто така е дволитарски, со моќност од 180 КС и вртежен момент од 224 Nm при 3.000 вртежи – без турбонатполнење. Според новата норма WLTP, просекот на овој мотор е 5,9 литри бензин на сто километри. Благ хибрид функционира и тука. Спринтот трае 8,5 секунди, крајната брзина е 204 km/h. Цената на оваа моделска изведба ќе биде позната наскоро.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Мотор од 1,8 литар и 116 КС ја претставува традиционалната дизел-фракција. Дизелот на Mazda инаку е еден од ретките што ја исполнува нормата Euro 6d без SCR-катализатор и впрскување Адблу. Тоа носи предност и во цената на возилото, бидејќи скапата техника за пречистување на издувните гасови е непотребна за овој мотор.

Околу припадноста на Mazda во премиум сегментот нема сомнежи уште од претставувањето на актуелната Mazda6. Јапонците сепак не го нагласуваат тоа премногу, затоа што честопати се покажувало дека некои „гласни“ премиум марки, сепак пропуштаат да ја докажат дополнителната вредност, за да се разликуваат од стандардната понуда. Дури и по цената, Mazda го наплатува својот премиум по далеку подостапна цена, отколку што тоа е практика кај германското трио Минхен-Штутгарт-Инголшат.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

170
22 shares, 170 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *