за

Mazda CX-30 меѓу најпријатните изненадувања на салонот

Најавен скромно преку одвај видлива силуета, новиот СУВ-модел на Mazda се покажа како една од најодушевувачките премиери на салонот во Женева. Покрај Mazda3, со кого новиот CX-30 ја дели техниката, тоа беше и очекувано.

Нов СУВ-модел влегува во понудата на Mazda, меѓу CX-3 и CX-5. Уште со ознаката CX-30, новакот навестува дека не се работи само за нова големина, туку и за малку поразлична формула. Идејата е да се понудат компактни димензии на CX-3, во комбинација со просторност и практичност на поголемиот СУВ.

Mazda CX-30 ги спојува компактните димензии на CX-3 со просторноста и функционалноста на CX-5

Mazda CX-30 е долг 4.395 mm, широк 1.795 и висок 1.540 mm, при меѓуоскино растојание од 2.655 милиметри. Багажникот располага со 430 литри. Како втор модел од новата генерација на Mazda, со унапредени начела на кодо-дизајнот и „јинбаи-итаи“, новиот стил на триесетката се издвојува меѓу постоечките СУВ-модели на јапонската марка.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Новитети има и во погонот на сите тркала i-Activ, кој соработува со уште една иновативна технологија на Mazda, со фамозниот G-Vectoring. Многу порадикални промени има под хаубата, кадешто пристига моторот Skyactiv-X, како последен изум од техно-лабораторијата на Mazda.

Повеќе нема ванкел мотор во Mazda, но затоа има дизел-бензинец … или бензински дизел

Јапонските техничари преку овој уникатен мотор во сериско производство надоместуваат за тоа што повеќе не работат со ванкел. Станува збор за бензинец, кој може да ја запали работната смеша и под дејство на компресија, што значи како дизел. На тој начин се комбинира штедливост и вртежен момент на дизел, со динамичност и култивираност на бензинец. Заштедата во гориво се движи до 30 проценти.

Заштеда има и кај останатите бензинци, кои работат во комбинација со стартер-генератор, малечка батерија и напреден систем за искористување на енергијата при сопирање, односно функционираат како благ хибрид.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Mazda3 стартува со продажба во Германија: Со револуционерен „дизел-бензинец“

И во Mazda имаат нова „тројка“ за фалење

Mazda MX-5: Три банки и уште не ѝ доаѓа разумот

Mazda 6 привлекува внимание и без дизел скандали

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

SsangYong Korando IV Zeneva

SsangYong тука мирува, но во Женева има нов Korando

Volkswagen ID Buggy zeneva

Volkswagen ID Buggy како повик до стартап-компаниите