за

Mazda започна со нарачки за новиот CX-30 во Европа

Mazda CX-30
Mazda CX-30

Стартуваат нарачките за Mazda CX-30 во Европа. Компактниот кросовер според ценовникот за Германија почнува од 24.290 евра. Моделот е позициониран меѓу CX-3 и CX-5, а изработен е врз платформата на Mazda 3.

Кросоверот врз база на Mazda 3 официјално започнува со испораки на европскиот пазар кон крајот на септември. Основниот модел вози со дволитарски бензинец со 122 КС и вртежен момент од 213 Nm, кој е изведен како благ-хибрид со помош на стартер-алтернатор. По желба, Mazda CX30 со овој мотор може да се комбинира и со погон на сите тркала, како и со автоматски менувач.

Врвниот мотор во гамата е иновативниот Skyctiv-X, кој комбинира работа на бензинец и дизел, односно во одредени услови ја пали смешата од бензин и воздух под дејство на компресија (16,3:1). Накусо, овој мотор спојува штедливост и моќно повлекување на дизел, со култивирана работа и лесно качување вртежи на бензинец. Моќноста е 180 КС, вртежниот момент 224 Nm. Трета опција е дизел од 1,8 литар со 116 КС.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во сериската опрема спаѓаат радарски темпомат, кој во возилата со автоматски менувач дополнително служи и како асистент за застој, понатаму систем за самостојно запирање при опасност од судир, со препознавање пешак и велосипедист, систем за следење лента и камера за знаци. Стандардно се вградуваат и диодни светла, клима, проекциски дисплеј и навигација со дисплеј од 8,8 инчи.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault R 4 e-plein air

Кабриолетот од Renault 4 се враќа со погон на струја, само за шоу

Ford mustang mustang55

Ford Mustang во посебно издание за 55-от роденден