157
21 shares, 157 points

Акира Марумото ќе стане нов шеф на јапонската марка Mazda. Тој ќе ја преземе новата функција на 26-ти јуни, кога марката ја одржува годишната конференција. Актуелниот извршен директор Масамичи Когаи ќе продолжи да членува во главниот одбор. На местото на Марумото, како нов шеф за Америка пристига Кијоши Фуџивара.

Развојот на нови технологии и модели во Mazda се одвива во заедничката насока за целата бранша, односно се работи на електричен погон, на автономно возење и обезбедување нови услуги преку вмрежување на возилата. Mazda не постигнува толкава масовност во продажбата, како Toyota или Volkswagen, но токму во тоа отсекогаш лежел шармот на малата и добра јапонска марка.

В година пристигаат новата Mazda 3 и првиот модел со електричен погон

Бидејќи Mazda не му припаѓа на ниту еден концерн, за развој на нови технологии сепак е потребен партнер. Когаи-сан во минатите пет години оствари неколку соработки. Во меѓувреме е најавен и првиот модел со електричен погон, чијшто пазарен старт треба да се случи веќе в година. Тогаш пристига и следниот голем новитет, новата генерација на Mazda 3.

Mazda Kai Concept Mazda3Моторите Skyactive важат за штедливи, а во мошне скоро време ќе започне и вградувањето на иновативниот „диз-ото“ мотор, односно бензински мотор, којшто во одредени услови на работа ја пали смешата под дејство на компресија, како дизел-мотор. Во комбинација на лесна и култивирана работа на бензинец, со штедливост и моќно повлекување на дизел, јапонската марка им даде нова шанса на моторите со внатрешно согорување. Сепак треба да се има предвид дека моторите се слабост на Mazda, последната марка што вградуваше ванкел мотор во своите модели.

На иста платформа ќе се развиваат модели со обичен и електричен погон

Со Mazda 3 пристига и комплетно новата платформа, којашто во иднина ќе ја користи речиси целото моделско семејство, од Mazda 2 до CX-9. Тоа ќе обезбеди голема заштеда во трошоците за развој и производство. Истата платформа дозволува и изведување на варијанти со електрифицирана погонска спрега, односно плагин-хибриди и „батериски“ модели.

Планот е производството на Mazda да достигне два милиони возила до 2024 година. Лани беа произведени 1,6 милион автомобили. Најголеми пазари се Кина и САД. Mazda е меѓу јапонските марки што извезуваат најголем дел од својата продукција во матичните фабрики во Јапонија. Дури четири петини од прометот се остваруваат на извозните пазари.

Новата Mazda 3 ќе биде многу слична co Kai Concept

Mazda Vision Coupe е концептен автомобил на годината

CX-5 ѝ донесе рекордна продажба на Mazda

Mazda Kai ја најавува новата тројка за 2019 година

Mazda MX-5 RF: Ниту родстер, ниту купе, туку тарга


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
21 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743