127
26 shares, 127 points

Следната година очигледно ќе биде година на компактите. По Ford Focus, наскоро стартува и новата Mazda 3. Дизајнот е мајсторија, платформата е комплетно нова, еден од моторите е револуционерен

Новата генерација на Mazda 3 доживеа премиера на салонот во Лос Анџелес, во две каросериски изведби, како комбилимузина и лимузина. Моделот во компакт класата досега им носеше одлични продажни бројки на Јапонците. Откако стартуваше серијата во 2013 година, како наследничка на легендарната Mazda 323, од „тројката“ се продадени повеќе од шест милиони примероци.

Во меѓувреме, Mazda 3 пристига во четвртата генерација и смело го следи дизајнот што беше прикажан уште со концептниот автомобил Kai од салонот во Токио во 2017 година. Напред доминира голема маска со препознатливата форма за Mazda, а хромираната рамка повеќе не е е толку масивна како кај претходникот. Тоа што и светлата се впечатливо тенки и отворите за воздух не се толку масивни, јасно ја прикажува намерата да се постигне елегантен стил во појавата на Mazda 3.

Последново се забележува и во профилот, којшто е речиси комплетно мазен, без рабови, засеци или какви било зафати што би ја нарушиле чистотата на формата. Пропорциите што отстапуваат од униформноста и контрастите се тоа што го сочинува стилот на јапонската тројка. Тоа се забележува во масивните задни столбови кај комбилимузината, кои се дополнително нагласени со тесните прозорци. Кај лимузината со четири врати, пак, задните столбови се изведени колку е можно потенки. Тоа е дизајнерска мајсторија којашто мора да им се признае на стилистите на Mazda. Уште еднаш. Минимализмот и прецизноста го сочинуваат стилот и на задните светла, кои користат иста шема на осветлување, со тркалезни светлечки елементи.

Вообичаено за Mazda, повеќе се работело врз развојот на новата генерација на Mazda 3 отколку што биле ангажирани „поети“ да ја убедуваат публиката во квалиетите на автомобилот

Mazda 3 пристига со комплетно нова платформа, којашто се води како Skyactiv Vehicle Architecture и претставува усовршување на досегашната основа. Како што посочуваат од јапонската марка, смалени се небалансираните сили во подвозјето, што во принцип значи дека е смалена тежината и влијанието од сите подвижни делови од подвозјето (елементи од водењето на тркалата, сопирачки и сл.) врз возните својства.

Уште поголема гордост на инженерите на Mazda e користењето прстенести структурни елементи во каросериската основа, заради зголемување на крутоста на каросеријата. Овие „прстени“ во подот дејствуваат во сите правци и претставуваат иновативен чекор за натамошно подобрување на каросерискатаа структура, без зголемување на тежината или усложнување на конструкцијата.

Од гледиште на дизајнот, Mazda 3 се издвојува во конкуренцијата во класата; како реткост денес, „тројката“ не личи со никој друг модел

Димензиите на каросеријата одвај се променети. Комбилимузината со своите 4,46 метри е за еден сантиметар покуса од претходникот, но затоа лимузината додава осум сантиметри и сега достига 4,66 метри. Ширината е зголемена за само два милиметри, висината е смалена за еден сантиметар.

Најголемиот новитет е на местото кадешто во последно време има најмалку новитети, под хаубата. Всушност, повеќе се работи за револуција. Skyactiv-X е првиот сериски мотор, што користи бензин како погонско гориво, а го пали како дизел, под дејство на компресија. Со оваа комбинација од бензинец и дизел се смалува потрошувачката на гориво за околу една третина, соодветно се смалува и емисијата на штетни материи, а воедно моторот реагира потемпераментно и произведува повисок вртежен момент. Моторот сé уште поседува класични свеќици за палење, затоа што во одредени услови работи според конвенционалнот принцип.

Јапонските дизајнери конечно научија да ги користат традиционалните обележја на својата култура како предност

Внатрешноста е „исчистена“ по пример на надворешноста. Отворите за воздух се интегрирани во арматурната табла, а контролите за климатизацијата се сведени на минимум. Воланот не оддава толку робусен впечаток како кај претходникот и изгледа поелегантно. Истото важи и за средишниот дисплеј, кој е поместен понапред. Остануваат уште многу детали за откривање по премиерата.

Купувачите на моделската варијанта со мотор Skyactiv-X имаат ексклузивна можност да нарачаат ентериер со кожа во црвена боја. На списокот на опции се наоѓа и аудиофилско освучување од Bose со дванаесет звучници. Стандардно за Mazda, понудата од безбедносна опрема е на високо ниво. Новитет е системот за следење на будноста на возачот, преку инфрацрвена камера и специјална диодна техника.

Внатрешноста на Mazda 3 го следи примерот со фејслифтот на Mazda 6 и наспроти многуте вселенски бродови настапува со класична шема, но толкувана модерно

Овој систем следи колку се спуштени очните капаци и колку брзо трепка возачот, исто како што ги следи и правецот на гледање и движењето на очите. Кога ќе препознае замор кај возачот, системот прво предупредува со звук, а доколку тој не реагира, се активира автоматско запирање. Се нуди и предупредување за возило што наидува попречно, има и темпомат што самостојно запира и поаѓа при возење во колона, вклучувајќи и корекција на правец. Новата Mazda 3 е прв модел на јапонската марка што добива воздушна перница за колената на возачот.

Понудата од мотори ја дополнуваат два мотора, покрај „ото-дизелот“. На старот се нудат еден дизел и еден бензинец. Дизелот со зафатнина од 1,8 литар и моќност од 115 КС е познат од Mazda CX-3, додека бензинецот располага со зафатнина од два литри, во верзии со 121 и 150 КС – и најважното, двата бензинци се изведени како благ-хибрид, што значи, располагаат дополнително со стартер-генератор и мала батерија за складирање на енергијата при сопирање и забавување. Како екстра опција се нуди и погон на сите тркала i-Activ, кој ја распределува точната потребна доза њутнметри за секое тркало. Продажбата на новата Mazda3 стартува напролет.

Новата Mazda 3 се очекува на крајот на месецов

Mazda MX-5: Три банки и уште не ѝ доаѓа разумот

Mazda со рекордна продажба во вториот квартал

Mazda 6 привлекува внимание и без дизел скандали

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

127
26 shares, 127 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743