за

Mazda 3 на споредбен тест со Ford Focus и Peugeot 308 во Ауто Билд

споредбен-мазда3-форд-фокус-пежо-308-ауб
споредбен-мазда3-форд-фокус-пежо-308-ауби

Компактните дизели спојуваат скромност и талент за секојдневието. Новата Mazda 3 се соочува на споредбениот тест на Ауто Билд со Ford Focus и со Peugeot 308.

⇒ ⇒ ⇒ Споредбениот тест е преземен во целост од нашите пријатели од Ауто Билд

Tiguan на секој агол, RAV4 под секоја куќна стреа – се стекнува впечаток како целиот автомобилски свет да е во СУВ. Но, сето тоа може да биде и помало, поелегантно, поумерено. Кажано кусо: Може да биде компактно. Ford Focus отсекогаш бил таков. Или францускиот голф, Peugeot 308. На должина од повеќе од четири метри и зад пет врати се кријат уживање во лесната подвижност, лесно ракување, штедлив дизел и доволно практичност по достапна цена. Новитетот во оваа лига е Mazda 3. Универзалецот со ефектно скроена каросерија беше претставен пред само неколку недели и игра на картата на дизајнот. Првиот споредбен тест ќе покаже како Ford и Peugeot реагираат на убавиот јапонски автомобил.

Ford Focus ги усреќува и спортските возачи

По традиција, Focus посебно сака да си игра низ градскиот метеж. Моторот од 1,5 литар не е исклучок. Нашето тест-возило е STLine, со пружини кои се скусени за 20 милиметри. На ударните дупки тој реагира суво, но подготвено и, го држи Focus цврсто прилепен за патот. Управувањето работи брзо, сопирачките може да се користат нежно или грубо, зависно од стилот на возачот.

ФОТО: АУТО БИЛД

Штета е тоа што Ford во контролната единица на моторот вградил програма што одговара повеќе кога полежерно се менуваат степените. Како резултат од тоа, дизелот реагира забавено и тоа изгледа некако вештачки и нехармонично. Помалку пречи тоа што за гумите се наведени збунувачки многубројни препораки за притисок на воздух (меѓу другото вредности за над 160 km/h и под тоа), како и во зависност од натовареноста…

Подвозјето на Peugeot 308 работи пријатно, без удари

Се префрлуваме во Peugeot. Иако Французинот е полесен од двата други автомобили и иако на хартија е помоќен и објективно спринтува побрзо до темпо 100, тој реагира незаинтересирано при притискањето врз гасот. Причина за тоа може да е гласната работа или вибрациите од моторот, на што следи и нагласено противење за качување на вртежите. На сето тоа се надоврзува и менувачот, кој за жал работи непрецизно.

ФОТО: АУТО БИЛД

Од друга страна, придушениот темперамент се покажува од корист. Моторот троши помалку гориво од двата други кандидати. На различната положба на седење, со инструменти што се гледаат над воланот, човек може да навикне. Но, нема помош во поглед на седиштата, кои имаат преслаби контури. Благодарение на многу меката амортизација, 308 минува преку грубите нерамнини пријатно и без удари. Но, од тоа трпи прецизноста во возењето. По тесни патишта на кои има попречни нерамнини треба да се вози со посебна концентрација – премногу силните движења на каросеријата и слабата повратна информација во управувањето спречуваат побрзо возење во правецот што ќе го замисли возачот.

Затоа е подобро да се вози побавно, кога и автомобилот е потивок. Кога ќе се притисне повеќе, дизелот станува мошне гласен, а се слушаат и гумите и подвозјето, па дури и кај ретровизорите се создаваат звуци од ветрот кои нервираат. Постои некаква утеха? Да, на каса. Сервисниот преглед не чини скапо. Покрај тоа, осигурителите го ставаат автомобилот во пониска категорија, со што трошоците остануваат на пристојно ниво (заб.: Важи за Германија).

Mazda 3 заостанува зад конкурентите во поглед на потрошувачката

Седнуваш, убаво ти е, поаѓаш. Таков е првиот впечаток во Mazda. Седиштата нудат одлична поддршка, одговара положбата зад воланот, инструментите се прегледни. Рачката на менувачот речиси сама се поставува во својата прва положба. Кажано кусо: Во јапонската тројка сé е погодено. Тоа важи посебно покрај фактот што и моторот гризе добро и покажува примерни манири.

ФОТО: АУТО БИЛД

Тој повлекува моќно (иако со грубо запирање на здивот при менувањето на степените), култивирано го ослободува вртежниот момент и без мака врти до 5.000 вртежи. Уште подобро: Вообичаеното брмчење при возење со прениски вртежи целосно изостанува во Mazda. Значи, сé е најдобро што може? Не сосем.

Новата тројка повеќе спаѓа во светот на купеата меѓу компактите. Мотото е: За убавина мора да се трпи. Седнувањето назад? За тоа е потребна напорна гимнастика под нискиот таван. Комфорно седење? За тоа пречи асиметрично изведениот исправен дел од седиштето. Просторност? Веќе кажано. Багаж? Во просторот за товар собира помалку одошто во Peugeot и Ford, а мора да се совладува и високиот товарен раб. Покрај тоа, Mazda не е евтина. Одржувањето на тројката е поскапо, а кој многу вози, плаќа дополнително за тоа. Моторот 1.8 Skyactiv-D согорува повеќе дизел од конкурентите, иако помалку од повеќето СУВ.

Заклучокот на авторот Јан Хорн

ФОТО: АУТО БИЛД

Ford победува, затоа што е типичен универзалец со талент за забава во оваа лига. Во новата Mazda 3 недостигаат покомфорно седење назад и простор во багажникот. Peugeot? Тој би требало да понуди повеќе системи за асистенција.“

1-во место со 510 од 750 бодови: Ford Focus 1.5 TDCi. Повеќестран, со спортска нота, без поголеми пропусти.

2-ро место со 507 од 750 бодови: Mazda3 Skyactiv-D 1.8. Назад е тесно, но затоа е комфорно и со достапни цени. Моторот е одличен.

3-то место со 493 од 750 бодови: Peugeot 308 BlueHDi 130. Брз, силен, штедлив. За жал, нема доволно можности за поврзување на интернет.

 

Тест: Toyota Corolla 1.8 Hybrid Executive Plus

Тест: Jaguar E-Pace D180 AWD Base

Тест: Suzuki Vitara 1.0 Turbo GL Plus

Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen e-golf bojmer 111km

Првиот електричен Golf за четири и пол години извозе 111.111 km

BMW замена бубрези E30 X7

Трансплантација на „бубрези“ во BMW: Стара серија 3 со маска од нов X7