за

Mazda 3: Маратон од 15.000 километри од Хирошима до Франкфурт

Конвој од Mazda 3 го заврши успешно маратонот од 15.000 километри од фабриката во Хирошима до развојниот центар во Франкфурт. Едно од возилата ќе биде изложено на штандот на IAA.

Сите возила од маратонскиот тим ги издржаа исклучителните предизвици на експедицијата, докажувајќи ја робусноста и издржливоста на Mazda 3. Посетителите на салонот IAA во Франкфурт ќе можат и лично да се уверат во состојбата на останатите возила од потфатот кои ќе бидат изложени на отворената површина на салонот.

Возилата ја стартуваа копнената рута на 3-ти август од Владивисток, каде што беа пренесени со брод од фабриката во Хирошима. Од крајниот исток на Русија, возилата продолжија по обата континенти и низ девет временски зони, поминувајќи 30 градови. Конвојот честопати го придружуваа љубители на марката со нивните возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Golf Sportsvan: Golf со додадена практична вредност

Третото лице на Renault Megane