за

Mazda со историски рекорд во минатата деловна година

Со оперативна добивка од 1,36 милијарди евра, Mazda ја заврши минатата деловна година со најдобар финансиски резултат во 94-годишната историја на фирмата.

Корпорацијата Mazda постигна зголемување на оперативната добивка во деловната година 2013/2014 од дури 238 проценти, со што го надмина претходниот рекорд од 2008 година за 12 проценти. Сите показатели бележат позитивен тренд: Прометот порасна на 20,1 милијарди евра, соодветно на порастот во продажбата од осум проценти, на вкупно 1,33 милиони возила.

Продажбата на пазарот во Европа порасна за 25 проценти на 163.000 возила, со рапиден раст во втората половина од деловната година. Како најголем европски пазар, Германија покажа плус од 20 проценти, со 47.000 возила, додека Велика Британија следи со плус од 35 проценти и вкупно продадени 35.000 возила. Општата стагнација на европскиот пазар не претставуваше пречка Mazda да го зголеми прометот во регионот за 28 проценти, на 3,5 милијарди евра.

Во сите други региони има пораст: Јапонија (+13%, 244.000 возила), Северна Америка (+5,0%, 391.000 возила), Кина (+12%, 196.000 возила). Особено е впечатлив успехот во Австралија, каде што Mazda се искачи на третото место на најпродавани марки, со пазарен удел од 9,2 проценти и продадени 104.000 возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mini се впушта во нова авантура: Mini Paceman Adventure

Lamborghini Urus ќе се произведува во Словачка