за

Mazda собори 20 светски рекорди за 24 часа

Ловот на светски рекорди на Mazda на високобрзинскиот овал во Папенбург заврши со 20 светски рекорди. Три примероци од Mazda6 Skuactiv-D 175 со вкупно 23 возачи од седум европски држави во неделата го завршија 24-часовниот маратон. Победничкото возило постигна просечна брзина од 221,072 km/h во текот на 24-те часа и со тоа го собори постојниот светски рекорд за сериски автомобили со дизел мотори со зафатнина меѓу два и 2,5 литри. Претходниот рекорд изнесуваше 209,824 km/h и беше поставен во 2010 година со Honda Accord 2.2 i-CDTi.

Покрај брзинскиот рекорд на 24 часа, трите возила Mazda6 поставија уште 19 светски рекорди, за коишто претстои официјална хомологација од Светската автомобилска асоцијација FIA. Возилата во 24-те часа минаа по 5.340 километри и 434 кругови на патеката долга 12,3 километри. Возачите се менуваа на секој час и половина, не смееја да возат во воздушна сенка на возилото пред себе и мораа сето време да ја следат идеалната линија на патеката за да постигнат најдобро време. По еден ден и една ноќ, разликата во просечната брзина меѓу трите рекордерски возила изнесуваше само 0,89 km/h.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Класата G на Mercedes ќе се произведува до 2022 година

Шефот на нафтениот концерн Total загина во Москва