за

Mazda: Сигурносни проблеми со бравите за пристап без клуч

Крадците на автомобили располагаат со техника за отворање на вратите и за стартување на моторот кај возила што поседуваат клуч со радио бранови. Mazda е најмногу погодена од овој проблем.

Јапонскиот производител на автомобили Mazda потврди дека постои безбедносен проблем со бравите за пристап без клуч во неговите модели, откако полицијата во германската покраина Мекленбург-Форпомерн откри серија кражби на возила, во кои најмногу се погодени возилата на Mazda.

Крадците го користат безбедносниот пропуст во системот за пристап во возилото и стартување на моторот без клуч, кој го препознава присуството на сопственикот на возилото на растојание од еден метар од возилото и го отклучува истото откако тој ќе го притисне копчето во рачката на вратата. Притоа, клучот од возилото може да се наоѓа на пример во џебот на сопственикот. Автомобилските крадци применуваат посебна техника за зајакнување на подрачјето на радиобрановите на клучот и можат да го следат сопственикот на возилото до домот или до работното место, со цел да го прочитаат кодот од клучот, додека истиот е на пример оставен во домот. Потоа, крадците можат да го искористат овој код и да го отклучат и стартуваат возилото без потреба од оригиналниот клуч.

Според Mazda, засега не постои техничко решение за овој проблем. Единствен начин за сопствениците на возила на Mazda со овој систем да се заштитат е да го деактивираат автоматското отклучување на вратите и место тоа да го користат копчето во клучот. Втора можност е клучот да се чува во посебна метална кутија во домот, заради оневозможување на читањето на кодот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Неколку (не)здодевни статистики за европскиот пазар на автомобили

Volkswagen ја прекинува продажбата на дизел модели во САД