за

Mazda со рекордна продажба во вториот квартал

mazda sediste japonija

Кросоверите на Mazda продолжуваат да го освојуваат пазарот. Меѓу април и јуни, јапонската марка продала за 7% повеќе возила отколку во истиот период лани. Големи се очекувањата од освежените моделски годишта на CX-3 и CX-5, како и на знаменосецот Mazda 6.

Во периодот меѓу април и јуни, јапонската марка Mazda продаде 403.000 автомобили на светскиот пазар. Тоа е зголемување од седум проценти во споредба со истото тромесечје лани. Најголем раст во продажбата е забележан на домашниот пазар, со плус 19 проценти и вкупно 49.000 продадени автомобили.

Светскиот пазар и натаму ги сака кросоверите на Mazda, а за одличните продажни резултати во првото деловно тромесечје (јапонските компании ја почуваат деловната година во април) придонесоа и освежените моделски серии. Кон крајот на мај започнаа испораките на обновениот CX-3, а еден месец подоцна следеше и знаменосецот Mazda 6. Во септември претстои и почетокот на испораките на обновеното моделско годиште на Mazda MX-5.

Mazda продава речиси четирипати повеќе возила во САД и Европа отколку на домашниот пазар

Најголем пазар за јапонската марка е Северна Америка, со 116.000 продадени возила во второто тромесечје (+9%). Европа следи со 59.000 возила, не вклучувајќи го рускиот пазар. Порастот во продажбата во Европа изнесува еден процент, но побарувачката на одделни пазари буквално експлодирала. Шпанија регистрирала 6.000 нови возила на Mazda (+27%), додека во Велика Британија, меѓу април и јуни се продадени 8.000 возила или за 4 проценти повеќе автомобили.

Mazda Kai Concept Mazda3

Планот на Mazda за целата деловна година е остварување продажба од 1.662.000 возила на светскиот пазар и оперативен профит од 808 милиони евра. Компанијата моментно се соочува со последиците од обилните јулски дождови, коишто влијаеа и врз производството. Поради разорното дејство од рекордната количина на дожд, фабриките во Јапонија мируваа меѓу 7-ми и 11-ти јули, по што следеше постепено обновување на производството.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ferrari 812 superfast

Ferrari заработува 69.000 евра по автомобил

volkswagen arteon porsche makedonija

Предрасудите околу автомобилските марки и нивната издржаност