за

Maserati MC20 со првиот сопствен мотор на марката по 20 години

Maserati Nettuno
Maserati Nettuno

Maserati цели две децении нема произведено мотор со сопствена конструкција. Тоа ќе се смени со суперспортскиот MC20. Тој ќе има мотор од сопствен развој на Maserati, кој понатаму ќе се вградува и во останатите нови модели од Модена.

Во суперспортскиот автомобил MC20 ќе работи новото срце на Maserati, кога тој ќе се појави пред светот во септември. Моторот паралелно е развиван во Модена, во развојното одделение Maserati Innovation Lab и во историското седиште на тркачкото одделение на Виа Деле Национи, а ќе се произведува на Виале Чиро Меноти. Моментно се поставува новата производствена линија и се приспособува лакирницата за новиот MC20.

Италијанците го најавуваат новиот V6 како техничка револуција, со меѓународно заштитени патенти. По дваесет години и по разделувањето од Ferrari, марката со тризабецот повторно се впушта во предизвикот да развие сопствен мотор. Новиот MC20 се најавува како „100% Made in Modena“, без влијание од Маранело.

Болидот ќе доживее премиера во рамките на настанот „MMXX: The time to be audacious“ што ќе се одржува на 9-ти и 10-ти септември во Модена. Истовремено на историскиот настан ќе бидат претставени и моделите кои ќе стартуваат со производство во следните години. Се најавуваат и електрични погонски системи, развиени во Casa del Tridente.

Моторот е V6 со агол од 90 степени меѓу двата реда цилиндри, со зафатнина од три литри и со твин-турбо натполнење. Посебност на моторот е т.н. сув картер, кој е решение од мотоспортот, кога класичните мотори имаа проблеми со подмачкувањето, затоа што екстремните странични сили го потиснуваа целото масло во картерот настрана.

Моќноста е 630 КС при 7.500 вртежи во минута, додека максималниот вртежен момент е 730 Nm почнувајќи од 3.000 вртежи. Специфичната литарска моќност изнесува 210 КС на литар. Компресијата е 11,0:1, пречникот на цилиндрите е 88 mm, одот на клиповите е 82 милиметри.

Најголемата иновација е во системот за согорување со преткомора, со примена на две свеќички за палење. Технологијата е произлезена од Ф1 и сега првпат ќе биде достапна во автомобил за на пат.

Моторот има три главни обележја:

Преткомора: Дополнителна комора за согорување е изведена меѓу средишната електрода и обичната комора за согорување, со низа посебно дизајнирани отвори меѓу нив.

Странична свеќичка за палење: Обична свеќичка помага да се постигне рамномерно согорување кога моторот работи во подрачје во коешто нема потреба од активирање на преткомората.

Двоен систем за впрскување, директен и индиректен, со функција да ја смали емисијата, односно потрошувачката на гориво при работа со ниски вртежи.

Со новиот MC20, Maserati најавува враќање и на тркачките патеки.

Технички податоци за Maserati Nettuno

  • Производител Maserati
  • Конструкција на мотор V6 90°
  • Работна зафатнина 3.0 l
  • Пречник/ Од 88 x 82 mm
  • Компресија 11: 1
  • Редослед на палење 1-6-3-4-2-5
  • Моќност 630 КС @ 7500 rpm
  • Вртежен момент 730 Nm @ 3000 – 5500 rpm
  • Максимални вртежи 8000 rpm
  • Турбо Twin Side Turbo, со електронски управувана Waste Gate
  • Палење Со две свеќици, со пасивна преткомора
  • Подмачкување Варијабилна пумпа
  • Систем за подмачкување Суво корито со надворешен резервоар за масло
  • Напојување PDI (директно впрсквуање 350bar + впрскување во гранка 6bar)
  • Вентили Две брегасти вратила со варијабилна работа
  • Должина 1000 mm
  • Висина 650 mm
  • Ширина 600 mm
  • Тежина (DIN)<220 kg
  • Емисија EU6D / China 6B / Ulev 70

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Voxan го има најбрзиот електричен мотоцикл во светот

Voxan го има најбрзиот електричен мотоцикл во светот

Овие велосипеди чинат колку автомобил

Овие велосипеди чинат колку автомобил