142
19 shares, 142 points

Теренецот на Ferrari има уште многу време до појавувањето, но еден дел од него веќе работи под полна гас во врвната верзија на теренецот од Модена. Maserati Levante Trofeo доби осумцилиндарец со 590 КС од Ferrari.

Maserati Levante Trofeo доживеа премиера пред публиката на салонот во Њујорк. Врвната верзија на СУВ-моделот на Maserati спринтува до сто за 3,9 секунди и постигнува 300 km/h. Тоа е заслуга на 3,8-литарскиот твин-турбо V8 со 590 КС при 6.250 вртежи и 730 њутнметри меѓу 2.250 и 5.000 вртежи. Погонот на сите тркала Q4 секако дека не недостига во оваа комбинација.

[tie_list type=”checklist”]

  • Со 156 КС на литар, осумцилиндарецот од Маранело има повисока литарска моќност од кој било мотор во модел на Maserati досега

[/tie_list]

Промените во изгледот кај Trofeo се забележуваат во долната половина од предниот браник и во задниот браник. Неколку каросериски додатоци за оптимирање на аеродинамиката се изработени од карбон. Бандажите Orione со пречникот од 22 инчи се најголеми бандажи вградени фабрички во Maserati, достапни во полирана или мат изведба. Достојно за V8, прикажувањето на моќта завршува со четирите овални издувни цевки.

[tie_list type=”checklist”]

  • Под хаубата со два впечатливи отвори за воздух и под карбонската горна облога се наоѓа V8, со глави и издувни цевки бојадисани црвено

[/tie_list]

Инженерите на Maserati го преработија коленестото вратило, брегастите вратила, вградија и нова пумпа за масло и ги прераспоредија каблите, со цел да се ослободи простор за погонот на сите тркала Q4. За постигнувње на 590-те КС се вградија и нови турбополначи, се модифицираа главите на моторот, брегастите вратила и вентилите, клиповите и клипниците.

[tie_list type=”checklist”]

  • Со 3,6 kg/КС, големиот Levante Trofeo спринтува до сто за помалку од четири секунди, но и способен е да запре од 100 km/h за само 34,5 метри

[/tie_list]

Нова програма за возење е „Corsa“ (патека) со електронска помош за брз старт, дополнително на постоечките програми Normal, I.C.E., Sport и Off Road. Во новата програма, моторот реагира уште поагресивно и менувачот префрлува побрзо, воздушната суспензија се спушта, додека Q4 им дозволува поголема слобода на контролата на тракцијата и на ЕЅР, за возачот да ужива повеќе.

[tie_list type=”checklist”]

  • Системот IVC за првпат се користи во Levante и повеќе се грижи да го спречи губењето на стабилноста, отколку да ги поправи грешките на возачот, како што обично прави ЕЅР

[/tie_list]

Седиштата во Trofeo се обложени со скапа кожа „Pieno Fiore“, којашто е особено ценета меѓу познавачите, особено поради патината што ја добива со текот на времето. Во истиот стил продолжуваат и карбонските панели во кокпитот, редизајнираните инструменти, патосниците со лого Trofeo и уникатната изведна на часовникот на Maserati. Музиката стандардно свири преку 1.280 ватно озвучување и 17 звучници од познатиот Bowers & Wilkins.

Производството стартува налето во фабриката на Maserati во Мирафиори, во близина на Торино. Топ-верзијата на Levante е наменета првенствено за прекуокеанските пазари, вклучувајќи ги САД и Канада.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

maserati levante trofeo 2

[/tie_slide]

[tie_slide]

Maserati Levante Trofeo 3

[/tie_slide]

[tie_slide]

Maserati Levante Trofeo 4

[/tie_slide]

[tie_slide]

Maserati Levante Trofeo 5

[/tie_slide]

[tie_slide]

Maserati Levante Trofeo 6

[/tie_slide]

[tie_slide]

Maserati Levante Trofeo 7

[/tie_slide]

[tie_slide]

Maserati Levante Trofeo 8

[/tie_slide]

[tie_slide]

Maserati Levante Trofeo 11

[/tie_slide]

[tie_slide]

Maserati Levante Trofeo 12

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

 

Класичниот мотор на тризабецот на Maserati: Електромотор задолжителен по 2019

Maserati Quattroporte се надмина себеси: Фејслифт за спортската лимузина

Теренецот Levante ќе стане најпродаван модел на Maserati

Првиот автомобил на Maserati се појави пред 90 години

 


Like it? Share with your friends!

142
19 shares, 142 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730