159
21 shares, 159 points

Maserati наскоро ќе вози и во верзија со мотор каков што доликува, со V8. Податокот за моќноста ветува спортско уживање, но уште повеќе кога се има предвид адресата од којашто пристига моторот.

Во септември стартува продажбата на Maserati Levante во изведба со мотор V8. На располагање стојат два степени на моќност, GTS и Тrofeo. Во најсилната изведба, моторот постигнува 580 КС и го претвора Levante во најсилен модел на Maserati во историјата. Соодветно на тоа растат и цените. GTS чини 135.000 евра во Италија, додека Trofeo качува до 155.000 евра, но затоа ги поседува сите можни ставки во опремата.

Најпродаваниот модел на Maserati за оваа изведба го добива 3,8-литарскиот битурбо V8 од сестринската марка Ferrari. Изведбата GTS располага со 530 КС и 730 њутнметри, додека моќноста во варијантата Trofeo изнесува 580 КС. Спринтот до сто, во вториов случај, трае 3,9 секунди, а крајната брзина изнесува 300 km/h – тоа се вредности што првпат ги постигнув сериски модел на Maserati.

Trofeo има неколку посебни детали во дизајнот и модифицирано подвозје, со коешто каросеријата е три сантиметри поблиску до асфалтот. Во изборот од програми за возење дополнително постои и екстремен режим за тркачка патека.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

159
21 shares, 159 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *