за

Maserati Levante: Задоцнет старт за конкурентот на Cayenne

Maserati Levante

Италијанците во последно време се чини дека ги напуштила страста за автомобилите. Спортскиот теренец на Maserati пристига доцна, предоцна, но можеби има да понуди нешто повеќе од другите?

Исто како сите други спортски марки, Maserati со години наназад гледа со завист на продажниот успех што Porsche го постигнува со својот Cayenne, а во меѓувреме и уште повеќе со новиот Macan. Марката од Цуфенхаузен со првата и не толку совршена генерација на Cayenne, уште пред повеќе од деценија докажа дека воведувањето на спортски теренец во понудата може да постигне вистинска рецолуција во продажбата и развојот. Денес, Cayenne и неговиот помал брат се најуспешни модели на германската марка. Класичните спортски модели како 911, Boxster или Cayman само каскаат зад новите каросериски изведби во понудата на Porsche.

maserati levante (2)Појавувањето на новиот Levante нема да воведе такви промени во стратегијата и имиџот на марката од Модена, затоа што актуелната моделска понуда не се сведува на вистински спортски купеа или родстери, туку на моќни лимузини како Quattroporte и Ghibli. Затоа, пак, Levante ќе освои голем дел од фановите на Maserati и со тоа ќе ги стави под притисок класичните спортисти Gran Turismo и Gran Cabrio. Малку е необично тоа што дизајнот на Levante потсеќа неодоливо на Infiniti FX, кој имаше доволно време да се инспирира откако Maserati уште пред долги години го најави изгледот на својот теренец, додека сличностите во изгледот со актуелните Quattroporte и Ghibli се одвај забележливи.

maserati levante (1)Највпечатлив детал кај Levante е моќната маска со осумте вертикални ламели. Исто како кај BMW, светлата се надоврзуваат директно на марката. Контрастна форма внесуваат тркалезните магленки долу. Тоа исто така потсеќа на BMW X5. Сите верзии на Levante поседуваат погон на сите тркала, приспособлива пневматска амортизација, можност за избор на неколку програми за возење и осумстепен автоматски менувач. Како и вообичаено во сегментот, повеќето купувачи во Европа ќе се интересираат првенствено за верзиите со дизел мотори, кои потекнуваат од Ghibli. Дизелската понуда покрива дијапазон на моќност меѓу 250 и 350 КС. Кој има потреба од поголема моќ, може да ги избира бензинските турбомотори V6, со моќност од 330 и 410 КС. Имајќи ги во предвид екстремните спортски изведби на BMW X5, Cayenne, Audi Q5 или Mercedes GLE и GLE Coupe, можно е да се очекува подоцна да се појави и уште посилна верзија којашто со моќност од 500 КС ќе се погрижи за одбрана на имиџот на Maserati.

maserati levante (3)Производството на Maserati Levante ќе се одвива во Торино. Набрзо по светската премиера на претстојниот салон во Женева ќе стартува и продажбата во Европа, а потоа и на светскиот пазар. Цените уште не се објавени, но се очекува старт од околу 75.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новата Ford Kuga со премиера на саем за мобилна технологија

Volvo го заменува клучот со паметен телефон