за

Maserati Ghibli ќе добие мотор со преку 560 КС

8. MASERATI GHIBLI, продадени примероци 2,600 (+12.3%)

Според еден документ којшто се појави на мрежата, Maserati планира многу новитети под хаубата. Највозбудливата вест е планот во носот на Ghibli да се најде мотор V8 со преку 560 КС, како конкурент на BMW М5 и Mercedes-AMG.

Документ што е дистрибуиран до дилерите на Maserati во САД со плановите на италијанската марка за проширување на гамата на мотори се најде на интернет. Неколку информации недостигаат во документот, но доволно е да се дознае што точно планираат Италијанците и кои нови мотори ќе се најдат во моделите на Maserati. Како што можеше да се претпостави уште при премиерата на моделот, Ghibli ќе добие мотор V8 со преку 560 КС, како конкурент на BMW M5. Дополнително се воведува и мотор V6 со 450 КС, за пополнување на празнината меѓу верзијата со 330 КС и големиот V8.

извод од документот што открива кои мотори ќе се најдат во моделите на Maserati и Alfa Romeo
извод од документот што открива кои мотори ќе се најдат во моделите на Maserati и Alfa Romeo

За спортското купе Alfieri во почетокот се планирани исклучиво мотори V6, со моќност меѓу 410 и 520 КС. Levante исто така се појавува во документот. Според тие информации, спортскиот теренец на Maserati ќе може наскоро да се нарачува со мотори V6 и V8 или со еден од дизелите со моќност од 250, 275 и 340 КС.

Maserati нема да има монопол над новите мотори. Alfa Romeo исто така ќе може да ги искористи овие новитети под хаубата. Со особена возбуда се очекува наследникот на Alfa 156, којшто ќе ја носи традиционалната ознака Giulia. Топ верзијата ќе го добие најмоќниот битурбо V6 со 520 КС!

Во идниот спортски теренец Maserati Levante ќе се вградуваат бензински мотори V6 со 350 и 425 КС и дизели со моќност од 250, 275 и 340 КС
Во идниот спортски теренец Maserati Levante ќе се вградуваат бензински мотори V6 со 350 и 425 КС, осумцилиндарец со преку 560 КС и дизели со моќност од 250, 275 и 340 КС

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Cadillac Big Meet: Собир на 130 легендарни олдтајмери во Австрија

Renault започна наградна игра на Facebook