за

Manhart го доведе BMW M5 до 723 КС

Manhart MH5 700, BMW M5 tuning 3

Тјунерската работилница Manhart во последниве години исфрли неколку екстремни машини. Последното достигнување е BMW M5, кој во нивната изведба спринтува за 5,9 секунди – од 100 до 200 km/h

Тјунирањето BMW им е потесна специјалност на одгледувачите на расни коњи во Manhart. Од германската работилница штотуку излезе MH5 700, како што гласи нивната ознака на M5 од актуелната генерација F90, по третманот. Крунскиот модел во понудата на M GmbH нема проблеми со недостиг од моќност. Со 600 КС и 750 њутнметри, како и со интелигентен погон на сите тркала, којшто се грижи за уште повисока динамика во возењето, BMW M5 веќе е победник. Но, во Manhart сакаа да направат уште поголема „драма“, како што пишува во соопштението на тјунерот од Вупертал.

Manhart MH5 700, BMW M5 tuning 4

Главната заслуга за порастот во перформансите е во вградувањето на дополнителната електронска контролна единица, којашто тјунерот во сопствениот стил ја нарекува Mhtronik. Резултатот се 723 КС и 870 њутнметри, односно плус од 123 КС и 120 њутнметри. Подобра претстава дава времето од 5,9 секунди – за забрзување од 100 до 200 km/h!

Карбонските спојлери се „Made in Germany“, ова е врвен германски тјунинг на сцената

Со екстра моќноста оди и екстра лутина во изгледот на супербрзата лимузина. Целиот пакет спојлери е изработен од карбон и изработен е во Германија. Во пакетот спаѓа модифициран преден спојлер, со ламела што го зголемува потисокот при повисоки брзини. Поразлично изгледа и опашот, со масивен и едноделен дифузор од карбон. На тоа се надоврзуваат заден спојлер и речиси незабележлив продолжеток на задниот капак.

Manhart MH5 700, BMW M5 tuning 8

Тјунингот на Manhart е препознатлив и по звукот. Целиот издувен систем е изработен од благороден челик и произведува силен звук уште при старт. Турбокомпресорите шуштат гласно секогаш кога ќе се додаде повеќе гас, а дополнително доживување прави и гргорењето при секое менување степен. Издувот завршува со карбонски цевки со пречник од 102 милиметри.

Со навојни амортизери од KW, тјунираниот MH5 700 е за 20 милиметри понизок од серискиот F90. Manhart избра златна шема за декорирање на демо возилото, коешто летово ќе гостува кај водечките медиуми на сцената на тјунингот. Секако дека погледот веднаш ги фаќа и бандажите од 21 инч.

[FAG id=33454]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model 3 5k

Планот е исполнет: Неделно по 5.000 примероци од Tesla Model 3

Стадионот на Ајакс, батерии Nissan

Стадионот на Ајакс се напојува од стари батерии од Nissan Leaf