за

Manhart цени дека Mini е најдобар со 350 КС

Manhart цени дека Mini е најдобар со 350 КС
Manhart цени дека Mini е најдобар со 350 КС

Mahnart е големо име кога станува збор за тјунирање на BMW, со специјалност за M-моделите, кои уште од фабрика преоѓаат во екстреми. Бидејќи Mini е дел од BMW, нормално дека и неговите возила се предмет на интерес на германските тјунери.

Mini близу две децении е дел од групацијата на BMW и го ужива култот на англиската марка. Сцената посебно ги обожува изведбите на Mini со најсилните мотори и со најспособното подвозје. Во тие верзии целосно се доживува фамозното чувство на возење го-карт, по коешто беше прочуен и пра-моделот.

Круната во оваа понуда од моќни верзии моментно е John Cooper Works GP, достапен во ограничена серија и наследник на низата на којашто ѝ претходат два GP-модели. За инженерите за тјунирање на Mahnart, тоа е автомобил што не смее да се пропушти – со цел да се извлече уште малку и во перформансите и во возните својства.

Во соработка со холандскиот партнер Beek Auto Racing произлезе Manhart GP3 F350, кој исто како фабричкиот JCW GP ќе се изработи во лимитирана серија

Како што е вообичаено за Manhart, бројчената ознака се однесува на моќноста на моторот. Место стандардните 306 КС и 450 њутнметри, што веќе е екстремно за мини-автомобил, тјунерите од дволитарскиот турбо B48 извлекоа 350 КС и максимален вртежен момент од 530 њутнметри.

Моќноста е зголемена со ремапирање од страна на холандскиот специјалист Beek Auto Racing, како и со интеркулер од Airtec, преработен во Manhart. Издувниот систем е изработен од Remus и исто така има претрпено преправки во Manhart. Со четиристепено управувување со придушницата може да се добие уште поостар звук од стандардниот.

Во преправките во надворешниот изглед учествуваше тимот JDCustoms од Холандија, кој целото возило го обложи со фолија во мат црна боја, со класичните декоративни ленти на Mahnart и со акценти во златна боја. Детали во бојата на благородниот метал се забележуваат и во бандажите Mahnart Concave One, со димензија 8,5×19 инчи и гуми 235/30 ZR19.

Бидејќи подвозјето на JCW GP е дотерано врвно уште од фабрика, тјунерите се решија само за пружини од AST Suspension, кои ја спуштаат каросеријата за 20 милиметри напред и 15 милиметри назад. Наскоро ќе биде достапна и верзија со навојно подвозје од AST Suspension .

Во соработка со Beek Auto Racing, германските тјунери за кусо време ќе почнат да нудат и други делови за тјунирање за John Cooper Works GP, меѓу другото и компоненти за ентериер од Cravenspeed.

>>> Mini John Cooper Works GP е вистински големец на тркачката патека

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Практикантите во Млада Болеслав ја претворија Skoda Scala во родстер

Практикантите во Млада Болеслав ја претворија Skoda Scala во родстер

Mercedes W 124 35godini

Над половина милион олдтајмери регистрирани во Германија