132
19 shares, 132 points

MAN понуди специјална серија од својот TGX 18.500 BLS. Влекачот со 500 КС може да се нарача во верзијата Lion Pro, којашто ќе се произведе во ограничен број примероци. Возачката кабина на Lion Pro е украсена со лавот на марката и со хромирани детали во маската, а ксенонските светла се дел од стандардниот пакет.

Во кабината се наоѓа климатизирано возачко седиште обложено со комбинација од вистинска кожа и алкантара. На тоа следува мултимедиски пакет „Professional“ и голем ладилник што се впушта целосно. За удобност при одморањето стои на располагање лежај во луксузна изведба, со седумзонски душек и специјална подлога. Пријатната температура во кабината додека возилото мирува е задача на стационалното греење со капацитет од 3,5 киловати.

MAN вообичаено нуди речиси бескрајни можности за изведување на возилото и кабината по желба на корисникот. Ценовникот за специјалната серија TGX Lion Pro стартува од 203.414 евра.

MAN тестира камионски плотун по германскиот аутобан

Зомби камиони со стари дизели возат непречено во САД

Електричниот камионет на германската пошта се продава како луд

Прв електричен камион од сериско производство е … Fuso


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

132
19 shares, 132 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *