Вести

MAN тестира камионски плотун по германскиот аутобан

Поимот што обично се поврзува со војската, тука се однесува на камиони кои возат на растојание од десетина метри, заради штедење

Производителот MAN наскоро ќе започне со камионски плотун во реални услови на возење. Користејќи напредни системи за асистенција и мрежно поврзување, колона камиони вози на неколку метри растојание. Тоа им носи корист на шпедитерите, но и на останатите учесници во сообраќајот.

Производителот на товарни возила MAN, заедно со шпедитерскиот гигант DB Schenker, наскоро ќе го започне тестирањето на камионски плотун во секојдневни услови на возење. Колони од камиони во служба на шпедицијата, во следните месеци ќе се тестираат во реални услови на сообраќај по делницата А9 којашто ги поврзува германските градови Минхен и Нирнберг.

Разликата во споредба со досегашните проби е во тоа што првпат се користат професионални возачи на DB Schenker, место тест-возачи. Нивните искуства и оцени за камионскиот плотун потоа ќе се обработуваат во Универзитетот Фрезениус, кој е третиот партнер во соработката, задолжен за научна анализа на тестирањата.

MAN е само еден од производителите што развива техника за камионски плотун

Првите возења во камионски плотун по аутобанот треба да започнат во април. Камионите во почеток нема да носат товар. Во првата фаза ќе се следат условите на возење во секојдневен сообраќај и возачите што учествуваат во проектот ќе се обучуваат за ракување со камионите. Дел од обуката ќе се врши и на возачки симулатор.

MAN камионски плотун

Во втората фаза ќе се возат неделни, а потоа и дневни тури. Како што проектот ќе напредува, така и камионите ќе почнат да носат товар. Во завршната фаза, камионските плотуни ќе сообраќаат трипати дневно меѓу логистичките центри на DB Schenker во Минхен и Нирнберг.

Слично како при тактичко возење во формула 1, камионите назад се во заветрина

Возење во плотун е кога најмалку два камиона возат на мала оддалеченост, со помош на системи за асистенција и контролни системи. Сите возила во конвојот се поврзани преку таканаречена електронска кука и комуницираат меѓусебно во мрежа. Кусо, станува збор за комуникација Car-to-Car, којашто производителите ја спомнуваат веќе неколку години. Камионот што е прв во колоната ги одредува брзината и правецот на возење. Останатите возила во колоната управуваат автономно, возачот треба да интервенира само во случај на опасност.

Главната идеја е да се заштеди гориво, затоа што зад челниот камион се создава заветрина за останатите камиони. Тоа е само една од придобивките. Со овој начин на возење се намалува и метежот по патиштата, се подобрува безбедноста, а возачите се порастоварени при својата работа.

Камиони на MAN и Scania тестираат возење во „плотун“

Прв електричен камион од сериско производство е … Fuso

Камион на Toyota вози на водород во Лос Анџелес

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729